Потрошувачки и станбени кредити од Комерцијална банка со осигурување од Триглав

Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, 01.12.2021 година – Комерцијална банка понуди потрошувачки и станбени кредити со уште поповолни услови - обезбедени со полиса за животно осигурување или за осигурување при неможност за отплата од осигурителните компании на групацијата Триглав.

potroshuvachki-i-stanbeni-krediti-od-komercijalna-banka-so-osiguruvanje-od-triglav-01.jpg

Со ова атрактивниот потрошувачки кредит до 30.000 евра на Комерцијална банка уште еднаш потврдува зошто е со најповолни услови на пазарот – отсега може да се обезбеди и со полиса за животно осигурување од Триглав осигурување живот или со осигурување од неможност за отплата преку Триглав осигурување. Потрошувачкиот кредит за пензионери и станбениот, пак, се достапни со полиса за животно осигурување од Триглав осигурување Живот. Полисите за осигурување на Триглав се достапни на шалтерите во Комерцијална банка со истите услови и поволности што ги нудат двете осигурителни компании.

Новите можности што ги даваат Комерцијална банка, Триглав осигурување и Триглав осигурување Живот имаат за цел да обезбедат поголема финансиска сигурност за корисникот и за неговото семејство.

Комерцијална банка во континуитет ја збогатува својата понуда со услуги од сегментот на неживотното и животното осигурување затоа што потребите на клиентите се пред сѐ. Со осигурителните полиси својата широка палета на кредити ја прави уште поатрактивна за граѓаните, кои покрај тоа добиваат и квалитетна и комплетна услуга. 

Триглав осигурување Живот со оваа понуда се потврдува како вистински партнер на македонските граѓани при градење деловен однос помеѓу клиент, банка и осигурителна компанија. Животното осигурување станува сѐ поатрактивен производ за македонските граѓани, а инкорпорирано во понудата на банкарските услуги се издвојува по високото ниво на обезбедена заштита на кредитокорисникот.

Осигурувањето од неможност за отплата на кредит на Триглав Осигурување, покрај останатите покритија, нуди и покритие во случај на невработеност. Ризикот од губење на работното место во денешно време е особено изразен и создава чувство на несигурност кај голем дел од граѓаните. Затоа, за Триглав е важно да гради однос на доверба со клиентите, како и стратешки партнерства, кои што ќе им обезбедат поддршка и сигурност кога им се најпотребни.

Повеќе информации за новите кредити на Комерцијална банка се достапни на веб-страната www.kb.mk .

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg