Најскапата германската серија на сите времиња, "Вавилон Берлин" ексклузивно на Телма

Серијата „Вавилон Берлин“ е најскапата драмска серија од неанглиско подрачје некогаш произведена, воедно и најскапата ТВ серија што некогаш била снимена во Германија.

najskapata-germanskata-serija-na-site-vreminja-vavilon-berlin-ekskluzivno-na-telma-01.jpg

Адаптацијата на Том Тајквер на серија детективски романи го прикажува Берлин во 1920-тите – во еден живописен период пред нацистите да дојдат на власт. Градот во тој период е соочен со културна експлозија и драстично опаѓање на моралните стандарди.

Приказната за колоњскиот комесар Гереон Рат кој дејствува во Берлин, епицентарот на политичките и општествените промени во „Златните дваесетти“ е најгледана серија прозиведена од Европа. Нејзината публика достигна врв од 8,5 милиони и просек од 7,8 милиони гледачи, што ја прави најдобра драмска серија која се емитувала бесплатно во Германија во 2018 година.

“Серијата “Вавилон Берлин”, не’ внесува во една приказна која се одвива помеѓу двете светски војни и не само што сама по себе е вистинско уметничко дело, туку оваа серија има секогаш актуелна порака - тој што владее со стравот, ја има власта во своите раце... Двајца инспектори се наоѓаат помеѓу два фронта. Од една страна Црниот "Reichswehr",  тајна паравоена организација која работи за повторно вооружување на Германија, вклучувајќи го и хемиското оружје, со што го „повредува“ Договорот од Версај, а од друга страна вооружена троцкистичка група која сака да го пренасочи вагонот полн злато од берлинските пруги кон  Русија, за да ја финансира контрареволуцијата.  Во целата приказна ќе се најде и кралот на подземјето во чиј гламурозен локал сите протагонисти ќе заиграат на истата музика, оние кои не се опоравиле од минатото и егоманите, оние кои ја сонуваат иднината.

najskapata-germanskata-serija-na-site-vreminja-vavilon-berlin-ekskluzivno-na-telma-02.jpg

Серијата "Вавилон Берлин" ги прикажува сите добро документирани инциденти на Вајмарската Република, носи многу диви сцени со танцување, сцени од горчливата сиромаштија и гламурозното богатство, животот во ноќните  клубови и силните закани од  страна на нацистите во подем.

Освен трудот кој е вложен во автентичното снимање и доловување на атмосферата од тој период, „Вавилон Берлин“ е навистина добра детективската приказна. Режисерот Том Тиквер за серијата вели: „Постојат детективи, комесари, невини луѓе и оние помалку невини. Постојат жени кои ги надмудруваат мажите и мажи кои постојано ги менуваат жените. Сите потребни елементи за приказна се тука.“

Во 190те денови снимање на серијата со буџет од 40 милиони евра и моментален ретјтинг 9/10 според релевантниот IMDB, посебно предизвикувачка била  логистиката околу мобилизирање на 3 илјади рољи и речиси 5 илјади статисти од страна на  продукцијата и организаторите. Различни сцени неретко биле снимани во исто време, со по еден режисер на секоја локација. Многу нешта ја чинат серијата „Вавилон Берлин“ посебна и особено интересна за гледање.

najskapata-germanskata-serija-na-site-vreminja-vavilon-berlin-ekskluzivno-na-telma-03.jpg

„Вавилон Берлин“ почнувајќи од 1ви декември, ќе се емитува од понеделник до четврток во 22:15 минути, само на Телма телевизија.

Главните улоги ги толкуваат: Фолкер Бруч, Питер Курт, Лив Лиза Фриз и Јенс Харцер. Креатори на серијата пак се: Том Тиквер, Ахим фон Борис и Хенк Хендлегтен, секој од нив докажан професионалец.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg