А1 Green Call: над 600 рециклирани телефони за рекордно краток период

А1 Македонија одговори на повикот од природата: иницијативата за рециклирање е-отпад ја врати надежта за зачувување на природата.

a1-green-call-nad-600-reciklirani-telefoni-za-rekordno-kratok-period-01.jpg

Рециклирањето е-отпад и воопшто рециклирањето како процес е неопходност, одамна веќе не е споредна активност. Веќе одамна, речиси сите производители на какви било материјали и производи се трудат соодветно да ги одбележат, соодветно да ги складираат и финално – да ги рециклираат материјалите. Тој еко-животен век на сите производи, материјали и ресурси е предмет на сериозни дебати и големи еко-платформи. За среќа, кај нас свесноста и едукацијата за рециклирањето и придобивките од тоа е процес што веќе одамна е започнат, процес за кој интересот се зголемува со секој изминат ден.

Рециклирањето стари телефони и останати електронски уреди, пак, е актуелна тема во последните неколку недели благодарејќи на А1 Green Call – еко-платформата за рециклирање, промовирана од најголемиот оператор во државата – А1 Македонија.

Добрите вести навистина стигнуваат од целата држава за краткиот период од педесетина дена откако е промовирана платформата – рециклирани се повеќе од 600 телефони и уреди!

Забавен факт: најстариот уред што е предаден за рециклирање во рамките на А1 Green Call датира од (сега веќе далечната) 2001 година. Исто така, минатата недела беше направено празнење на кутиите низ продажните салони каде што се поставени специјално означените кутии, што значи дека веќе е започнат вториот циклус на полнење на дедицираните кутии за рециклирање.

Дополнително охрабрувачки мотив е фактот дека сите што ќе се вклучат во оваа акција, за секој рециклиран уред добиваат дизајнирана еко-торба со која истовремено ја редуцираат употребата на пластика и пластични ќесиња за една употреба.

Во продолжение погледнете го видеото од А1 Свет, кое накратко ги објаснува леснотијата и брзината со кои се рециклираат телефоните во управната зграда на операторот и дознајте како да се вклучите и вие во оваа зелена иницијатива на следниот линк.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg