Младите против омразата и насилството: „Прекини го кругот – омразата не е твој стил“ во реализација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт

Во тек е кампањата „Прекини го кругот – омразата не е мој стил“ во организација и реализација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт.

mladite-protiv-omrazata-i-nasilstvoto-prekini-go-krugot-omrazata-ne-e-tvoj-stil-vo-realizacija-na-misijata-na-obse-vo-skopje-i-agencijata-za-mladi-i-sport-01.jpg

Подигнување на свеста помеѓу младите за штетните ефекти на нетолеранцијата и омразата, кои сè уште постојат во општеството. Иако неосновани, омразата и насилството најчесто произлегуваат од широко распространети стереотипи и предрасуди на повеќе основи.   

Кампањата е реализирана преку различни канали на комуникација, и е насочена кон негативните наративи за нетрпеливост, но со позитивен контекст со што позитивно се влијае на свесноста примарно кај младите луѓе, но и на социјалниот дискурс во општеството како целина. 

Промотивните активности на официјалните профили на кампањата на Фејсбук, Твитер и Инстаграм добиваат поддршка од сè повеќе фанови кои се приклучуваат во се поголем број. Секако, носечката порака најсилно ја пренесуваат видео спотовите во кои младите секоја конфликтна ситуација ја претвораат во почит и заедништво, како начин да се испрати позитивна порака. На кампањата ѝ се приклучија и познати личности како нашите познати водители Марко Новески и Гент Тоска кои во нивен стил испратија порака до фановите да се приклучат на кампањата со објавување видео како со своите пријатели прават специјален поздрав, симболично поддржувајќи ја толеранцијата како начин за справување со секоја конфликтна ситуација.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg