Нова сезона #комкаст на тема дигитална трансформација во партнерство со А1 Македонија
- Детали
- петок, 26 ноември 2021
Македонскиот онлајн етер се збогатува со нова сезона #комкаст - подкаст за маркетинг, медиуми, дигитална трансформација и дигитална култура чија цел е да понуди атрактивни содржини за сите слушатели/гледачи кои сакаат да бидат во тек со најновите текови од областа на дигиталната трансформација.
Новата сезона на #комкаст е реализирана во партнерство со А1 Македонија, компанија која во минатите години интензивно работи на својата трансформација со што се позиционира како целосно конвергентен оператор и двигател на дигитализацијата во заедницата, но работи и на трансформација внатре во компанијата воведувајќи агилен начин на работење преку изградба на агилна корпоративна култура, прифаќање на практиките, принципите и вредностите на агилна методологија и обезбедување соодветно работно опкружување.
Фокусот на дигиталната трансформација во новата сезона на #комкаст произлегува од заедничкиот интерес но и од влијанието кое токму дигитализацијата и промената на бројните индустрии и кориснички искуства се случува во нашето секојдневие.
Сезоната вклучува 10 нови епизоди со обработка на теми кои се есенцијален дел на дигиталната трансформација. Низ епизодите кои следуваат гледачите ќе слушнат многу повеќе за тоа што е дигитална трансформација, како се работи на подобрување на корисничкото искуство, дигитално лидерство, вештачка интелигенција, обработка на податоци, гејминг индустрија, трансформација на бизнис модели и многу повеќе. Гости ќе бидат локални претприемачи и експерти како и претставници од А1 Македонија, партнерот на #комкаст во оваа сезона.
#комкаст премиерно се емитуваше во четврток на 25.11.2021година, а е достапен на komunikacii.net, YouTube или некоја од платформите за слушање подкасти како Deezer, Spotify, Apple Podcast, Google Podcasts.
Сите претходни епизоди се достапни ТУКА.
Зад блогот komunikacii.net стојат Дарко Булдиоски, Сеад Џигал, Наталија Стефановска, Мите Кузевски а од пред повеќе од една година и целиот тим на маркетинг агенцијата NewMediaMK.
За #комкаст
Подкастот е дел од блогот komunikacii.net, креиран во 2005 година и е еден од првите подкасти на македонски јазик кој се појави во интернет просторот во 2011 година. Подкастот започна како аудио издание во 2011 година кое беше емитувано и на Радио МОФ. Во својата историја полна со паузи го менуваше својот формат и своите домаќини, но секогаш остана верен на своите теми.