Нов златен медал за Barcaffé еспресо
- Детали
- четврток, 25 ноември 2021
25.11.2021: Признанието за Barcaffé India Single Origin е единаесеттата награда која Меѓународниот институт за дегустатори на кафе му ја доделува на овој бренд на Атлантик Група.
Најновото премиум еспресо од порфтолиото на Barcaffé, Barcaffé Single Origin India, во средината на октомври го освои златниот медал на тринаесеттото по ред натпреварување International Coffee Tasting во Италија.
Тоа претставува тринаесеттиот медал досега за Barcaffé еспресо на манифестацијата која секоја година се одржува во организација на Меѓународниот институт на дегустатори на кафе (International Institute of Coffee Tasters). Во колевката на еспресото, судиите од овој институт ги оценуваа кафињата по основа на неколку критериуми, како што се полноста на вкусот, интензитетот на аромата, структурата и постојаноста на пената.
„Многу сме горди на тоа што дегустаторите со лиценца од реномираниот институт по единаесетти пат го потврдија нашиот квалитет. За вистинските познавачи и љубители на еспресото, кафето не е само уште една секојдневна навика, туку и наука, вештина и уметност во едно. Barcaffé како еден од најзначајните регионални брендови од сегментот еспресо кафе ја негува и ја пренесува љубовта према кафето и посветен е на одбирање само на најквалитетните производи за своите потрошувачи. Баш затоа и концептот Single Origin, како вистински ‘специјалитет’ во индустријата го најде своето место и во портфолиото на Barcaffé. Би потсетил исто така и дека Barcaffé еспресо во јуни веќе ја доби наградата за најдобро кафе во Србија по изборот на посетителите на Фестивалот за добро кафе во Белград“, изјави Никола Мандиќ, бренд менаџер за Barcaffé еспресо.
Секое зрно во пакувањето со назнака Single Origin е 100% арабика и доаѓа од точно определена област, во случајов Индија. Во таа земја со богата култура и раскошни вкусови, кафето се одгледува на ладно и често се сади заедно со разни зачини и билки како што се кардамом, цимет, каранфилче или мускатно оревче. На тој начин, кафето добива специфична арома, која извежбаниот и истенчен вкус може лесно да ја почувствува и препознае. Тука се подразбира и внимателно следење на процесот на одгледување на кафе, неговото складирање, сушење, пржење и мелење, покрај честа и темелна проверка на квалитетот. Кога доаѓа до крајниот корисник, кафето има гарантирано врвен квалитет и претставува пијалак со извонреден вкус, што важи и за сите останати блендови на Barcaffé еспресо.
Меѓународниот институт на дегустатори на кафе е непрофитабилно здружение основано во 1993 година во Бреша, со цел да ги истражува и развива научно заснованите методи на дегустација на кафе. Во експертскиот одбор членуваат универзитетски професори и експерти од разни профили, кои воведуваат бројни иновации во областа на дегустација на кафе, надоврзувајќи се на славната традиција на италијанските еспресо мајстори.