Официјален пијалак на Мажи на годината 2021

Четвртото издание на изборот за Мажи на годината за 2021 година традиционално ќе се одржи последната среда во ноември, односно на 24-ти ноември оваа година. На овој настан вистинските џентлмени ќе имаат можност да дегустираат одбрани и софистицирани пијалаци како што се Antique Пелинковац и Badel Black од познатата компанија на пазарот за жестоки пијалаци, Бадел.

oficijalen-pijalak-na-mazhi-na-godinata-2021-01.jpg

Иако покрај светската пандемија сè уште не можеме целосно да се опуштиме во дружењето, сепак продолжува традиционалното одржување на настанот „Мажи на годината“ кој стана препознатлив белег за македонските успешни мажи кај нас. Преку нашиот настан успеавме да изградиме бренд кој ги препознава мажите кои преку својот стил на живеење чекорат кон успехот, самодовербата и општествената одговорност.

Оваа година, во месецот на машкото здравје, настанот ќе се одржи на 24.11.2021 година во хотелот Double Tree by Hilton Skopje и ќе биде гала вечер на која ќе им оддадеме признание на најуспешните мажи кај нас за годината што изминува.

Секој гостин на настанот ќе може да ужива во вистински пијалак што е елегантен и софистициран како него. Доколку се прашувате што е она што му дава дополнителен акцент на секој маж кој сака да пие со стил, ова се омилените машки пијалаци за мажи кои знаат што сакаат.

Antique Пелинковац е најстариот и најпознат врвен хербален ликер на Бадел кој датира од 1862, годината на основање на компанијата Бадел. Вистинските љубители на овој ликер го нарекуваат „уникатен пијалак од дворот на Наполеон“. Станува збор за оригинален и уникатен пелинковац кој зрачи со особености кои ги памтат старите познавачи на домашни растителни ликери. Сè уште се произведува на истиот традиционален начин, во согласност со оригиналниот рецепт, од природни состојки. Black е врвен производ од сортата на бренди кој со уметноста на дестилирањето и оригиналниот рецепт се соединија во овој единствен производ. Одбраните вински дестилати се одлежани и до 15 години во буриња од славонски даб.

Во изборот за Мажи на годината се вклучени професионалци од разни области кои се дел од комисијата на официјалниот избор, како и целата јавност. Настанот првпат се одржа во 2018 година во организација на Фрајдеј Комуникации и првиот специјализиран онлајн магазин кај нас, Џентлмен Магазин.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg