Техномаркет - секогаш во чекор со новите технологии

Светот живее во постојано менување. Промените се дел од секојдневието . Техномаркет е компанија која речиси 25 години се грижи да се задржи чекорот со новите технологии нудејќи ги на пазарот производите од најдобрите светски брендови.

tehnomarket-sekogash-vo-chekor-so-novite-tehnologii-01.jpg

Техномаркет со појавата на македонскиот пазар, на прво место ги става потребите на потрошувачите , разбирајќи ја потребата од висок квалитет, пристапни цени и голем број на поволности за купувачите.

Чекорејќи во слух со новите иновации , Техномаркет прерасна во бренд кој на пазарот се истакна како промотор на најсовремената технологија во областа на апаратите за домаќинство, црната (ТВ, аудио, видео) и белата техника, како и IT производите.

tehnomarket-sekogash-vo-chekor-so-novite-tehnologii-02.jpg

Од само една продавница во Скопје во  1997 година , брендот Техномаркет денес е блиску до сите граѓани низ земјата, со отворени 19 продажни салони и континуирано проширување и подобрување на своите услуги, сопствена логистичка мрежа и онлајн продавница. И она што е најважно, и понатаму  на прво место се потребите на купувачите и квалитет на услугите.

Технологијата денес не е само алат или предмет кој го употребуваме во секојдневието, таа станува составен дел од животот . Технологијата денес има персонален карактер и купувачот со неа има личен однос , повеќе од било кога во минатото. Денес на пазарот има се повеќе паметни уреди. Токму поради овие причини , во Техномаркет посебно се води грижа персоналот да биде секогаш одлично обучен и подготвен да ги даде сите неопходни одговори на купувачите, споредувајќи ги карактеристиките на моделите од различни брендови, притоа овозможувајќи им на купувачите вистински избор.

tehnomarket-sekogash-vo-chekor-so-novite-tehnologii-03.jpg

Мобилни телефони, лаптоп компјутери, слушалки , таблети , машини за перење, фрижидери, шпорети , телевизори, фен, пегли , се само дел од уредите без кои не би можеле да го замислиме секојдневието.

Денес во продажните салони на Техномаркет можат да се најдат апаратите за домаќинство од познатите брендови  Samsung ,Liebherr  , Philips, Sony, Panasonic, Electrolux, AEG, NEO, Indesit, Hotpoint Ariston, Rowenta, Tefal, Krups и многу други.

tehnomarket-sekogash-vo-chekor-so-novite-tehnologii-04.jpg

Брендот Техномаркет овозможува оригинална гарантна карта од производителот , истовремено  брз и ефикасен сервис на своите производи , како и оригинални резервни делови  со што ја зацврстуваат сигурноста на своите купувачи.

Техномаркет ја негува својата политика за квалитет и се стреми кон целосна посветеност на целите и креирање на задоволни потрошувачи.

tehnomarket-sekogash-vo-chekor-so-novite-tehnologii-09.jpg

Дека квалитетот на услугата е на прво место потврдуваат и меѓународните бизнис награди и признанија.

Техномаркет е добитник и на наградата Best Buy од самите потрошувачи со истражување спроведено од швајцарската агенција Iceritas за соодносот меѓу квалитетот и цената.   

tehnomarket-sekogash-vo-chekor-so-novite-tehnologii-05.jpg

Истата оваа меѓународна асоцијација  со седиште во Цирих  , Швајцарија, на брендот Техномаркет, му ја додели престижната награда „Costumer Friend – Dedicated to Excellence“, награда која се доделува на компании кои се докажани на пазарот и имаат врвен однос  со своите клиенти и потрошувачи.

Модерниот начин на живеење овозможува брз пристап до информациите, и додека го пиете утринското кафе на вашите социјални мрежи може да ги дознаете сите промоции и попусти на производите во Техномаркет , а со големиот избор на поволности за плаќање може да го распоредите сопствениот буџет. Плаќањето во Техномаркет може да биде на кредит, со кредитни картички , или пак преку синдикална продажба на рати.

tehnomarket-sekogash-vo-chekor-so-novite-tehnologii-06.jpg

Доколку не сакате да го напуштите својот топол дом, купувањето може да го направите и од дома, преку онлајн продавницата на Техномаркет , каде исто така оваа компанија е водечка и уште од самиот почеток поставува стандарди како во изгледот на страната така и во нејзината функционалност.

Екстремните попусти за  Black Friday станаа препознатливи за брендот Техномаркет. Како што тоа се прави во светски познатите ланци на продажба, така и кај нас, на крајот од месец ноември , а во пресрет на божиќните и новогодишните празници, цените на производите во ТЕХНОМАРКЕТ вртоглаво опаѓаат.

tehnomarket-sekogash-vo-chekor-so-novite-tehnologii-07.jpg

Пристапните цени, врвната услуга и поволностите при купување  ќе го направат овој Black Friday  розов и весел за сите кои ќе одлучат да го поминат во продажните салони на Техномаркет.

tehnomarket-sekogash-vo-chekor-so-novite-tehnologii-08.jpg

За први да ги дознаете новите акции, промоции и попусти следете ја официјалната страна, како и Facebook  и Instagram профилите на брендот ТЕХНОМАРКЕТ.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg