Виолета Шестаков, полумаратонка: „Спортот е начин на живот кој помага да се изградиме како личности“

Од ракомет до трчање, победи на полумаратонски трки, возење велосипед, спортот го одбележа живот на Виолета Шестаков.

violeta-shestakov-polumaratonka-sportot-e-nachin-na-zhivot-koj-pomaga-da-se-izgradime-kako-lichnosti-02.jpg

Со оваа млада жена зборуваме за љубовта кон спортот и потребата од негување спортски навики.

1. Вие сте поранешна ракометарка, а денес се натпреварувате во трчање. Како дојде до тој премин од еден во друг спорт?

Уште од најрана возраст или што би рекле од мали нозе, се стекнува навиката, па на некој начин и зависноста за спорт и спортска активност. Веројатноста дека би преминал во пасивна личност во текот на понатамошниот развој е многу мала.

Спортот за мене претставува начин на живот, помага да се изградиме како карактери и личности, не дава простор за откажување без борба, нè учи да ги цениме и вреднуваме работите и луѓето околу нас.

violeta-shestakov-polumaratonka-sportot-e-nachin-na-zhivot-koj-pomaga-da-se-izgradime-kako-lichnosti-01.jpg

Релаксирачки период во текот на денот за мене е оној кога доаѓа времето за спортска активност, што не мора да значи дека денес ќе излезам да истрчам 20км, туку може да биде и 20 минутна јога, релаксација на умот и телото, вежби со тежини, возење велосипед.

Авантуристички сум настроена и секогаш расположена за спортска активност. Тоа придонесува подобро да се чувствувам, папо ракометот, да немав дадено приоритет кон трчањето, сигурно ќе изберев некој друг спорт.

2. Какви резултати имате постигнато досега и до кога планирате да се бавите со трчање?

Моите резултати се скромни, но за мене исполнителни. Дел од личните рекорди (personal best) во дисциплините во кои се натпреварувам се следниве:

5км = 19:54; 10км= 43:27, 21.1км = 1:34:58.

Како најголемо достигнување би ја издвоила трката во планински полумаратон, 2016 година на Шапка фест (Sapka fest), каде што во конкуренција со самата себе - победив. Други натпреварувачки во женска конкуренција немаше, но верувајте дека за да успеете да победите во оваа борба, најголемиот клуч за успех е психичката подготвеност, позитивни мисли и насмевка во текот на целата патека, наместо физички присутни натпреварувачки.

violeta-shestakov-polumaratonka-sportot-e-nachin-na-zhivot-koj-pomaga-da-se-izgradime-kako-lichnosti-04.jpg

По природа сум енергична личност, па се додека се чувствувам дека сум во добро здравје и физичка состојба до граница на позитивни бенефити кои ги добивам поврзани со спортот, би продолжила со истиот начин на животни навики. Единствено што би можело да се промени е интензитетот на тренингот со текот на годините. Дефинитивно, максимално би се трудела да го искористам слободното време за спорт и спортски активности сè додека сум функционална, бидејќи на крајот од денот тоа ме исполнува.

3. Освен со трчање, моментално и рекреативно возите велосипед. Дали можеби и ова ќе стане спорт на кој целосно ќе му се предадете?

Точно, освен трчањето, рекреативно возам и велосипед. Го користам секојдневно како превозно средство до работното место.Омилен за користење миениз планински предели. Практикувам и јога, кардио тренинзи, вежби за зајакнување на мускулите и истегнување, па дури во едната соба имаме и карики (gymnastic rings) обесени на самиот плафон, а имам и качувано карпи.Тоа значи дека духот кој владее во моето тело е понесен од самата љубов, односно пасија конспортска активност.

violeta-shestakov-polumaratonka-sportot-e-nachin-na-zhivot-koj-pomaga-da-se-izgradime-kako-lichnosti-03.jpg

Веројатно само за врвните професионалци кои покажуваат дисциплина, труд и многу работа, би можеле да кажеме дека се предадени целосно кон некој спорт. Јас сум голем обожавател на природа, насмевки, планина, зеленило и се што нуди спокој, па сè додекасе чувствувам слободно, целосно се пронаоѓам во спортската активност.

4. Минатата година учествувавте и на велосипедската трка HalkVelo која ја организираше Халкбанк. Кое место освоивте и каков е вашиот впечаток од овој спортски настан?

На Halk Velo Green завршив на 6 позиција во категорија хоби. Иако бев со mountain bike, а трката беше намената за road bike, навистина уживав во предизвикот. Како и самата трка и временските услови тој ден беа одлични. Патеката беше исполнета со многу насмеани лица и позитивна енергија. Иако делумно ограничени во однос на пандемијата која што за жал владее сè уште, организацијатабеше беспрекорна и на завидно ниво.

Посакувам оваа година да има уште многу вакви или слични настани, кои за миг ќе ни ги ослободуваат мислите од секојдневни стресови. Воедно ги охрабрувам сите оние кои минатата година не беа дел од ова доживување, годинава без двоумење да се вклучат во истото. Ја охрабрувам и Халкбанк и годинава да биде организатор на Halk Velo Green, како и да даде поддршка на HalkEco Хронометар 10KM, кои што важат за настани во кои покрај натпреварувачкиот дух застапена е желбата за промовирање на здрави животни навики и придонес за чиста и зелена животна средина. Еве на пример, за нас спортистите е од големо значење и тоа што ни ја овозможи услугата Garmin Pay со која се овозможува брзо и едноставно плаќање само со Garmin часовник.

violeta-shestakov-polumaratonka-sportot-e-nachin-na-zhivot-koj-pomaga-da-se-izgradime-kako-lichnosti-05.jpg

Garmin часовникот на поголемиот дел од тркачите им е навистина најдобар пријател. Во овие времиња кога сите се во брзање и преплавени со обврски, многу е тешко да се најде некој кој би те придружувал во секојдневните спортски активности. Со самото тоа што во часовникот има опции да вметнеш тип на тренинг кој сакаш да го сработиш, времетраење и интензитет на активноста, си создаваме имагинарен пријател со кој се натпреваруваме во текот на тренингот.

Сега дополнително, со услугата Garmin Pay на Халкбанк сме ослободени од потребата со себе да носиме пари, паричник или картички бидејќи секое плаќање можеме да го направиме во движење со својот Garmin часовник.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg