Комерцијална банка со 2.000.000 денари го награди успехот на фудбалерите во Лигата на нации

Скопје, 21.11.2024 година – Во духот на нашата поддршка за македонскиот спорт, Комерцијална банка обезбеди дополнителна финансиска поддршка од 2.000.000 денари за македонскиот фудбал со цел да го награди успехот на репрезентацијата во Лигата на нации.

komercijalna-banka-so-2-000-000-denari-go-nagradi-uspehot-na-fudbalerite-vo-ligata-na-nacii-01.jpg

Комерцијална банка ѝ честита на македонската фудбалска репрезентација за освоеното прво место во Лигата на нации и за пласманот во поквалитетна група.

Успехот на фудбалерите како спортско достигнување е инспирација за сите млади спортски надежи во земјава дека со посветеност, тимски дух и силна верба во заедничката цел може да се постигнат одлични резултати.

Комерцијална банка, како општествено одговорна институција, продолжува да ги поддржува врвните напори и достигнувања на македонските спортисти и да инвестира во развојот на спортот во нашата земја. Веруваме дека оваа награда ќе биде дополнителен поттик за македонските фудбалери да продолжат со нови успеси на меѓународната фудбалска сцена.

Комерцијална банка официјално стана пријател на македонскиот фудбал во 2021 година, во пресрет на премиерното учество на Македонија на ЕУРО 2020 и во изминатите години обезбеди значајна финансиска поддршка за ФФМ, репрезентациите и за негување на фудбалот како спортска активност која создава здрави, амбициозни и одговорни млади генерации.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg