dmPodcast „Женски ритам“: знаење, инспирација и поддршка за секоја жена!

Компанијата dm drogerie markt овој јули го лансираше сопствениот поткаст ,,Женски ритам“, посветен на подобрување на физичкото, менталното, менструалното и социјалното здравје на жените. Низ сите четири епизоди, компанијата носи корисни совети и искуства од експерти и релевантни соговорници, преку стручен и атрактивен пристап.

dmpodcast-zhenski-ritam-znaenje-inspiracija-i-poddrshka-za-sekoja-zhena-01.jpg

Во свет полн со предивици и обврски, жените честопати се наоѓаат во улога на носители на семејството, кариерата и многу повеќе. Но, важно е да сфатиме дека здравјето на жените не е само физичка состојба – тоа е комплексен мозаик кој ја вклучува и менталната, емоционалната и социјалната благосостојба. Со цел да ги охрабри и поддржи жените во нивното патување кон подобро здравје, овој јули dm го лансираше поткастот „Женски ритам“. Овој поткаст е платформа за отворени разговори, инспиративни приказни и корисни совети, создадна со цел да ги зајакне жените и да ги мотивира да се грижат за себе.

Поткастот се одвиваше низ 4 различни епизоди, секоја од нив посветена на важен аспект на женското здравје. Првата епизода се фокусираше на важноста на физичкото здравје и исхраната кај жените. Гостите споделија корисни совети за тоа како да се одржи здрав начин на живот, истакнувајќи дека физичкото здравје е основа за сѐ останато.

Втората епизода беше посветена на менструалното здравје, каде што во повеќе од еден час се разговараше за фактот дека менструацијата не е избор. Гостите објаснија важни аспекти кои се однесуваат на жените за време на менструацијата, помагајќи им да се чувствуваат поразбрани и поддржани.

Третата епизода се фокусираше на менталното здравје, истакнувајќи колку е важно да се грижиме за тоа. Жените се соочуваат со многу предизвици и улоги во општеството, па оваа епизода им даде моќ и охрабрување да си посветат малку повеќе внимание себеси.

Последната епизода ги советуваше жените за тоа како да создадат баланс меѓу кариерата, семејството и личниот развој. Оваа дискусија беше особено важна за многу жени кои се обидуваат да ги усогласат сите аспекти на својот живот, нудејќи им практични совети и инспирација.

Сите епизоди од поткастот може да ги погледнете на YouTube каналот на dm!

Поткастот ,,Женски ритам“ беше дел од една поголема кампања за поддршка на женското здравје на dm, која вклучуваше и други активности: бесплатни дерматолошки прегледи на пет локации, отворен конкурс за пријава на проекти кои го поддржуваат женското здравје  и едукативни објави на социјалните мрежи.

Од компанијата порачуваат дека веруваат во тоа дека знаењето е моќ и дека сите заедно можеме да создадеме позитивни промени во општеството. Тие им се заблагодаруваат на сите кои ги следеа и учествуваа во овие женски дискусии, а продолжуваат и понатаму да работат на подобрување на здравјето и благосостојбата на жените!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg