„Готвиме со Младите“ - Гастро перформанс на Креативен Ден 2024
- Детали
- недела, 09 јуни 2024
Во рамки на Креативен Ден 2024 се одржа уште еден настан, станува збор за гастро перформанс, под името “Готвиме со Младите“, се одржа истиот ден, на 1ви Јуни, а домаќини беа новата кетеринг кујна “POP FOOD DeNiro“
Во најмлечниот град со поддршка од најмлечните фабрики Вемилк и Бимилк, го одбележавме Денот на Млекото.
Преку овој перформанс, на пошироката млада популација, потенцијални средношколци на оваа струка, како и учениците кои веќе се определиле за истата, целта беше да им ја доближеме гастрономијата, да ги внесеме во светот на вкусовите, со сите убавини, креативност, вештини, тимска работа и можности кои ги нуди самата струка.
Долго се подготвуваа шеф Дејан Христовски од средно угостителско училиште “Лазар Талев“, Скопје и шеф Марјан Милош од домаќинската кујна на “POP FOOD DeNiro“ за овој перформанс и за време на тричасовната дружба подготвуваа намирници, особено споделија информации за термичка обработка на месо на иновативен начин, децата се уверија дека малите бургери беа многу сочни и вкусни, дегустираа заедно со публиката, со присутните гости.
Двајцата шефови им покажаа на децата дека и едноставните намирници може да изгледаат есклузивно. По добрата храна и убавата дружба, младите асистенти беа повеќе од сигурни дека оваа професија е одговорна, комплексна , но многу забавна.
Угостителската струка е профитабилна, им овозможува на младите лесно и брзо вработување, како и личен развој и стекнување стручност во субспецијални гранки од гастрономијата.
Благодарност до локалните бизниси, домашни производни брендови, кои ја разбираат важноста од поддршка на младите и нивно правилно насочување: Фарма Бели Мост, Фино, Фреско, Тартуфи, Сентива, Мирана и Бимилк.