Финансиска и логистичка поддршка за македонскиот олимписки спорт од меѓународните олимписки организации

Македонскиот спорт ќе добие поддршка во спортска техника и опрема од различни меѓународни спортски федерации со цел што поуспешна организација на Европските младински олимписки игри што треба да се одржат во Скопје во 2025 година.

finansiska-i-logistichka-poddrshka-za-makedonskiot-olimpiski-sport-od-megjunarodnite-olimpiski-organizacii-01.jpg

Покрај техниката и опремата, Македонскиот олимписки комитет (МОК) ќе добие и дополнителна финансиска и логистичка поддршка за реализација на амбициозните планови и програми насочени кон остварување успешни резултати на македонските спортисти.

Ова е резултат на работните средби што ги остварија претседателот на МОК, Даниел Димевски и генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски во рамки на 53. Генерално собрание на Европските олимписки комитети (ЕОК) што се одржува во Букурешт, Романија. Димевски и Поповски на ова собрание добија силни ветувања за финансиска и логистичка поддршка од претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах и претседателот на ЕОК, Спирос Капралос.

finansiska-i-logistichka-poddrshka-za-makedonskiot-olimpiski-sport-od-megjunarodnite-olimpiski-organizacii-02.jpg

На разговорите со Бах и Капралос особено се истакнува посветеноста и безусловната поддршка и доверба на врвот на ИОК и ЕОК во однос на последните случувања поврзани со Македонскиот олимписки комитет, при што беше ставен силен акцент на заедничките напори за изработка на нов Закон за спорт кој конечно ќе биде усогласен со Олимписката повелба на ИОК.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg