Браво А1! Медиа кампања што ја редифинира креативноста на социјалните медиуми

Откако го најавија Netflix со атрактивен настан и 3Д билборди, комуникациските стратези на А1 Македонија направија нов чекор на социјалните мрежи и поставуваат нови стандарди во креативното изразување.

bravo-a1-media-kampanja-shto-ja-redifinira-kreativnosta-na-socijalnite-mediumi-01.jpg

Со иновативното видео на социјалните мрежи, на забавен и необичен начин, А1 Македонија го сврте вниманието на публиката кон себе и кон новата понуда која ја инкорпорира светската стриминг платформа.

Автобусот на ЈСП од кој излегуваат пуканки во центарот на Скопје предизвика многу коментари и позитивни реакции на социјалните мрежи. Видеото е изработено со CGI технологија (computer - generated imagery) или компјутерски генерирани слики што е специфична технологија или примена на комјутерска графика за создавање или подобрување на слики во уметност, симулатори и видеа и видео игри.

„Секогаш сакаме први да ги претставиме светските трендови за македонската публика и да го донесеме најдоброто за нашите корисници. И оваа кампања е нашата заложба да донесеме многу забава и неограничена комуникација за сите и многу се радуваме дека донесовме мигови за насмевка на лицата на сите кои не следат на социјалните мрежи“, велат во А1 Македонија.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg