Кои парфеми ги користат славните личности и каде може да ги купите кај нас?
- Детали
- среда, 17 април 2024
Славните личности често служат како луѓе кои воспоставуваат одреден тренд во светот на модата и убавината, а нивниот избор на парфем не е исклучок. Додека многу славни личности се одлучуваат за дизајнерски парфеми одобрени од луксузни брендови, некои се познати по нивниот афинитет за Niche парфеми.
Но, што се Niche парфемите и што ги прави нив толку да се разликуваат од останатите?
За разлика од дизајнерските парфеми кои се широко достапни и масовно произведени, Niche парфемите често се прават во ограничени или ексклузивни количини. Тие се сметат за луксузни бидејќи нудат уникатни ароми кои тешко може да се повторуваат.
Неколку предности на Niche парфемите во однос на дизајнерските парфемите се:
- Уникатни и персонализирани ароми со внимание на деталите;
- Висококвалитетни состојки кои ги прават овој вид на парфеми подолготрајни;
- Ексклузивноста и реткоста на овие парфеми ја прави нивната достапност многу ограничена;
- Уметничкото и креативното изразување, со што парфимерите експериментираат со необични комбинации на мириси;
- Здравје и безбедност, бидејќи за разлика од дизајнерските парфеми каде се користат синтетички состојки кои може да предизвикуваат нарушување на хормоните, Niche парфемите користат повеќе природни состојки; истото важи и за алкохолот кој кај Niche парфемите се користи во помала количина при што се намалува ризикот од алергиски реакции;
- Емотивна поврзаност на овие парфеми кои се создаваат со специфична приказна или инспирација, овозможувајќи им на корисниците да развијат одредена емоција;
- Измислени од независни ограничен број на парфимерии, со што се идеален избор за оние кои сакаат да се издвојат од толпата.
Бидејќи Niche парфемите се карактеризираат со нивната ексклузивност, изработка и уникатни профили на мириси, се повеќе луѓе почнуваат да ги користат, додека познатите личности веќе подолго време се идентификуваат со познати брендови од овој вид на парфеми.
Ова се омилените Niche парфеми кои ги користат славните личности:
1. Hailey Biber (модел и основач на брендот за нега на кожа Rhode) користи Fleur Narcotique од познатиот бренд Ex Nihilo's
2. Sarah Jessica Parker (актерка) користи Santal 33 од Le Labo; истиот парфем го користи и Jodie Comer (актерка)
3. Beyonce (пејачка) користи Angel’s Share од Kilian
4. Принцезата Диjана користела парфеми од брендот Penhaligon’s
5. Владимир Путин (претседателот на Русија) користи Gold Man од познатиот бренд Amouage
6. Cate Blanchett (актерка) го користи Carnal Flower од луксузниот бренд Frederic Malle
7. Brad Pitt (актер) го користи Gypsy Water од познатиот бренд Byredo; истиот парфем го користи и Kate Bosworth (актерка)
8. Elizabeth Olsen (љубител на производи за нега на кожа) користи Philosykos од брендот Diptyque
9. Helen Mirren (актерка) користи Blackberry and Bay Cologne од брендот Jo Malone
10. Rihanna (пејачка) е фаворит на Don’t be Shy од Kilian
11. Dina Asher-Smith (атлетичарка) користи Moonlight Patchouli од Van Cleef and Arpels
Голем дел од овие брендови може да ги најдете во Maison de Parfum (неодамна отворена парфимерија за Niche парфеми во центарот на Скопје, во Diamond Mall) која е прва и единствена парфимерија со овој вид парфеми во Македонија.
Со нивните уникатни состојки и емотивно раскажување приказни, преку Niche парфемите нема да добиете само луксузни ароми, туку ќе обезбедите и незаборавни безвременски моменти!