Стојна Костовска: „Се вреѓам кога ќе речат дека добро изгледам за своја возраст. Која возраст?“
- Детали
- понеделник, 15 април 2024
Бомбардирани од сите маркетинг пораки за тоа како да го спречиме стареењето одлучивме да ја разработиме и таа тема, прашуваме дали староста е срамота и дали стареењето се смета за болест. Дали стареењето без брчки е благодет којшто можат да си го дозволат само богатите?
Зборуваме со кого ако не со личности од јавниот свет во Македонија кои не знаат да стареат.
Стојна Костовска, Драган Стојчевски, Маја Глигоровска и д-р Роберт Стојовски се согласија дека веќе е срамота да се употребува зборот „стар“ и оти „возрасен“ е поприкладната варијанта. Да те наречат стар не значи дека те навредиле, но стариот човек е обично изнемоштен и е на возраст над 85 години, кога човекот е психо-физички активен и умее да се грижи за себе нема потреба да се нарекува стар, тој е само возрасен, смета почитуваната актерка.
Маја Глигоровска вели дека не треба да ги криеме годините сè додека ни се допаѓа она што го гледаме во огледало или пак на вага. Според неа, жените во повозрасни години треба многу повеќе да работат на себе за да изгледаат добро, за разлика од мажите на кои им е полесно оти треба само да вежбаат.
Драган Стојчевски ќе советува дека ако сакаме да изгледаме добро мора да се храниме како што треба и да бидеме спортски активни, според поранешниот мистер на Македонија ништо друго не може да го ублажи стареењето, годините се тие, вели тој. Него заради годините почнале да го викаат и чичко Драган, но тој вели дека не се чувствува како чичко.
Открива ли докторот Роберт Стојовски кој од нашите гости има естетски корекции на себе?
Гледајте „Нешто конкретно“ секоја недела во 17.00 часот на Телма.