„Халкбанк“ и годинава го одбележува партнерството со иницијативата „Прајслес планет“ на „Мастеркард“ за подобра животна средина

Скопје, 11 април:Халкбанк“ АД Скопје и годинава го одбележува партнерството со глобалната зелена иницијатива на „Мастеркард“, „Прајслес планет“ (Priceless Planet). Целта на оваа голема иницијатива е преку широка коалиција да обедини многу бизниси и потрошувачи од целиот свет за засадување на 100 милиони дрвја, но и да и да инспирира колективни акции за решавање на климатските промени. „Халкбанк“ е првата банка од регионот која се вклучи во оваа голема коалиција пред четири години.

halkbank-se-prikluchuva-na-inicijativata-prajsles-planet-na-masterkard-za-podobra-zhivotna-sredina-01.jpg

„Нашата ангажираност кон општествената одговорност и одржливост на животната средина е вградена во срцето на ‘Халкбанк’. Горди сме што сме дел од големата иницијатива ‘Прајслес планет’ на ‘Мастеркард’, која има за цел да обедини бизниси и граѓани во заедничка борба за заштита на нашата планета. Нашата цел е да придонесеме за подигнување на свеста за значењето на нашата планета и како да дејствуваме за заедничко добро, водени од премисата дека секој мал чекор има големо значење. Веруваме дека единствениот пат за напредок кон позитивни промени е заедничкиот ангажман за подигнување на свеста за зачувување на нашата планета.“ изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг-комуникации во „Халкбанк“ АД Скопје

Под слоганот „Направи простор за дишење“, Халкбанк АД Скопје најавува две работилници по повод Светскиот ден на планетата земја, кои ќе се одржат на 21 април, во Градскиот парк во близина на летната сцена „Лепеза“.

Со фокус кон македонското сонце и плодната почва, инспирирани од повторното раѓање на нов зелен живот на планетата, од банката најавуваат работилница за садење растенија и нивно одгледување и употреба.

„Работилниците претставуваат уникатна можност да се поврземе со животната средина и да учиме хортикултурни практики со кои можеме да го подобриме и да го продолжиме животот на нашата планета“, велат од Халкбанк.

Работилницата за изработка и рециклирање саксии се организира со цел дизајнирање саксии кои ќе ги разубават домовите и дворовите преку нивна реупотреба.

Со долгорочниот ангажман на „Халкбанк“ за одржување на животната средина и партнерството со „Мастеркард“ во иницијативата „Прајслес планет“, уште еднаш се потврдува општествено одговорното дејствување на банката за подигнување на еколошката свест. Во иднина, Халкбанк планира да ја поддржи оваа иницијатива преку различни кампањи, со цел да ги зголеми свеста на заедницата и индивидуалниот придонес кон заштитата на нашата планета.

Коалицијата „Прајслес планет“ е формирана во јануари 2020 годин,а како одговор на големиот број пожари и елементарни непогоди што ја зафатија нашата планета. Таа ги обединува напорите на потрошувачите, финансиските институции, трговците и градовите низ целиот свет за борба против климатските промени преку обновување на 100 милиони дрвја во текот на пет години. Во коалицијата членуваат и експертите за шумарство „Конзервејшн интернешнел“ (CI, Conversation International) и Институтот за светски ресурси (WRI, World Resource Institute).

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg