Најуспешната конференција „Чувари на мудроста“ за професионален развој и мотивација на младите луѓе, годинава во ново, освежено издание

Скопје, 9 април: Во тек се подготовките за втората конференција „Чувари на мудроста“ во организација на „Халкбанк“ АД Скопје. На конференцијата, како и минатата година, ќе говорат успешни и реализирани луѓе, различни профили на стопанственици, уметници, професори, автори. И оваа година ќе се дискутира на интересни теми значајни за професионалната надградба и кариерниот развој на младите, со цел да се мотивираат и да се инспирираат на својот професионален пат.

najuspeshnata-konferencija-chuvari-na-mudrosta-za-profesionalen-razvoj-i-motivacija-na-mladite-lugje-godinava-vo-novo-osvezheno-izdanie-01.jpg

„Преку искуството на панелистите од различни области, идејата е да се пренесат и да се раскажат многу интересни приказни за кои веруваме дека ќе ги инспирираат и ќе ги мотивираат младите на нивниот професионален пат. Сметаме дека поддршката и мотивацијата на младите кадри е клучна за нивниот успешен развој и за зацврстување на нивните професионалните вештини“, изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг-комуникации во „Халкбанк“ АД Скопје.

Конференцијата „Чувари на мудроста“ од 2023 година беше наградена како најдобра конференција во категоријата Најдобар самит, конгрес или конференција. Оваа година организаторите се мотивирани да ја реализираат во малку поинаков формат, со многу повеќе интересни гости, докажани и значајни во нивните области.

Целната публика се, пред сè, млади луѓе, младински граѓански организации, студенти, млади претприемачи, културни работници, претставници на стартап компании итн.

Целта на конференцијата е да одговори на низа прашања на кои наидуваат младите во градењето на професионалната кариера. Да придонесе за поквалитетен развој во областите во кои дејствуваат. А мудроста, искуството, ентузијазмот и успехот кои ги дефинираат панелистите ќе отворат низа прашања и одговори, важни за сечиј развој.

Конференцијата е дел од поголемата кампања „Да ги слушнеме и гушнеме“, што започна во 2022 година, со намера да им даде глас на припадниците на повозрасните генерации. Во рамките на кампањата се спроведоа повеќе активности, настани и работилници во чиј центар беа пензионерите и повозрасните лица.

Повеќе информации за кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ и за конференцијата „Чувари на мудроста“ се достапни на https://cuvarinamudrosta.mk/

Влезот за сите студенти ќе биде бесплатен, со приложување студентска легитимација, но заради ограничениот број на присутни, задолжително ќе биде пријавувањето преку следната онлајн форма: bit.ly/Конференција-ЧувариНаМудроста

Датум: 11 јуни 2024 ( вторник )

Времетраење: 10:00 – 15:00

Локација: Младински културен центар

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg