Ирина и Павле Камилоски за љубовта која почна во Нешто конкретно
- Детали
- понеделник, 08 април 2024
Во новото издание на „Нешто конкретно“ ја славиме љубовта и откриваме која е тајната на складните и долгогодишни бракови од една страна и проблемите и сопките со кои се соочуваат новите бракови од друга страна. Кој е зачинот кој треба да го има секој брак за да има краен рок на траење додека смртта не не раздели?
Во емисијата имаме парови, еден долгогодишен и успешен пар познат за сите нас како Силви Бенд, односно Силви и Влатко Плевнеш, и еден помлад пар кој што не така неодамна зачекори во брачните води и чија приказна започна токму во првата сезона на „Нешто конкретно“, Павле и Ирина Камилоски.
Силви за својот партнер Влатко ќе каже дека највредното нешто што тој го поседува е музикалноста, но што се однесува до Влатко, за неа не може само во една емисија да раскаже што се му се допаѓа кај својста љубена. Тие зборуваат за тоа како се запознале во средношколските денови и како Влатко се измачил додека да дојде до, како што тој ја нарекува, најубавата девојка на факултетот. После долги години нивната љубов, нивната жар и нивната неразделивост сѐ уште е она по кое сите ги препознаваме.
Павле смета дека клучно е разбирањето за успешен брак, а секако и љубовта. Тие двајца веруваат дека спротивностите се привлекуваат затоа што токму тоа им се случи нив. Ирина открива дека уште пред да започне снимањето на емисијата кога таа го здогледала првпат својот сегашен сопруг знаела што ќе се случи. Љубов на прв поглед.
Гледајте „Нешто конкретно“ секоја недела во 17.00 часот на Телма
;