Пастелни бои, шаренило: Време е за пролетно освежување на домот

Со првите денови на пролетта доаѓа и нашата желба за отворање на пролетната сезона во градината и на терасата, но и за пролетно реновирање и освежување на домот.

pastelni-boi-sharenilo-vreme-e-za-proletno-osvezhuvanje-na-domot-01.jpg

Оваа година во тренд ќе бидат сончеви тонови кои даваат топлина на домот, многу зеленило, ѕидови со тапети и текстура. Направете вистински избор на парчиња мебел и додатоци.

1. Одберете удобна гарнитура за балконот и перници во светли и шарени бои.

Нека ова биде катчето каде што ќе уживате во сончевите зраци и кафе со пријателите. Нека доминира зелената боја која ќе ви даде смиреност и ќе ве опушти во моментите за релаксација. 

vellea-home-go-otvori-svojot-prv-prodazen-salon-vo-skopje-01_copy.jpg

2. Внесете шаренило во спалната соба.

Одберете колоритни прекривачи и навлаки за перници кои ќе дадат посебен шмек на собата. Собата ќе делува посветла и поголема доколку додадете украсно огледало. Минималистички ноќни ламби се задолжителни за посебен шмек во спалната.

vellea-home-go-otvori-svojot-prv-prodazen-salon-vo-skopje-03.jpg

pastelni-boi-sharenilo-vreme-e-za-proletno-osvezhuvanje-na-domot-02.jpg

3. Направете промена во дневната соба со гарнитура во светли и пастелни бои.

Оваа година во мода се сончевите бои кои му даваат топлина на домот. Дизајнерите препорачуваат да комбинирате нежна со впечатлива боја, на пример нежно жолта со магента, праска со сина, бебешка сина со жолта.

Одберете дизајнерски клуб масички во комплет со вашата нова гарнитура. 

vellea-home-go-otvori-svojot-prv-prodazen-salon-vo-skopje-07.jpg

vellea-home-go-otvori-svojot-prv-prodazen-salon-vo-skopje-08.jpg

vellea-home-go-otvori-svojot-prv-prodazen-salon-vo-skopje-14.jpg

pastelni-boi-sharenilo-vreme-e-za-proletno-osvezhuvanje-na-domot-05.jpg

4. Вметнете полици кои ќе го украсат просторот. Декорирајте со перници, украсни плетени саксии и вазни.

Полиците освен што се функционални, даваат и посебен шарм на домот, особено кога се збогатени со декорации и зеленило. 

pastelni-boi-sharenilo-vreme-e-za-proletno-osvezhuvanje-na-domot-06.jpg

5. Додадете повеќе светлина во детската соба со пастелни нијанси.

Светлите пастелни нијанси се елегантни, нежни и ненаметливи и затоа се погодни за сите простории во домот. Во тренд е минималистичко уредување на детската соба со функционално биро, плакари и шик додатоци - ноќна ламба, забавни прекривки, вазнички. 

pastelni-boi-sharenilo-vreme-e-za-proletno-osvezhuvanje-na-domot-04.jpg

За да најдете сѐ што ќе посакате на едно место, упатете се во новиот продажен салон на Vellea Home во Скопје, на бул. Киро Глигоров бр.13. Работното време е секој работен ден (понеделник-петок) од 10:00 до 20:00 часот и сабота од 10:00 до 16:00 часот. 

pastelni-boi-sharenilo-vreme-e-za-proletno-osvezhuvanje-na-domot-12.jpg

pastelni-boi-sharenilo-vreme-e-za-proletno-osvezhuvanje-na-domot-13.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg