Лозано пред камера мореше да бира – Тамара Тодевска или Антониа Гиговска?
- Детали
- понеделник, 01 април 2024
Доколку нема нешто ново во неговата музичка кариера, поп-пејачот Влатко Лозаноски не гледа причина зошто би бил медиумски активен, особено не ако темата приватност е во прашање, барем така говори праксата низ годините наназад.
Но, овој пат случајот беше сосема спротивен, Влатко за брзо време изваде две нови песни, „Маскенбал“ и најновата „Бариера“, така што неговото појавувње пред камери беше очекувано, на сопствена волја или на барање на медиумот – сеедно.
Лозано пред камерата на „Бекстејџ“ се разврза за новите песни, стилската промена за „Бариера“ која деновиве е доста коментирана на социјалните мрежи, но меѓу другото, новинарката не остави без да го потпраша нешто за што можеби тој и не очекуваше, односно беше ставен пред предизвик, од кој на изненадување беше така директен и со одговори без двоумење.
Дует со Антониа Гиговска или Тамара Тодевска?
„Тамара е долго време на сцена, феноменален вокал, искусна во својата работа, генерација сме, но сигурен сум дека тоа би бил одличен дует и cо Тамара и со Антониа“, кажа Влатко, но сепак ѝ порача на Антониа дека нема лутење.
За ова, а и за уште неколку негови избори меѓу колегите, погледнете од целосното интервју на „Бекстејџ“ во продолжение: