100 засадени дрвја по повод 100-годишнината од Прилепска Пиварница
- Детали
- сабота, 30 март 2024
1.4.2024 г – Во сабота, на 30 март, во Прилеп, кај манастирот „Св. Димитрија“ во близина на с. Селце, вработените од Прилепска Пиварница АД Прилеп засадија 100 садници дабови дрвја како донација по повод 100-годишнината од нејзиното постоење.
„Преку денешната акција што ја спроведоа нашите вработени, ја покажавме нашата грижа за намалување на еколошката загаденост и дадовме позитивен пример како секој граѓанин треба да придонесе за одржување поздрава планета.
Токму 100-годишнината е достигнување што вреди да се одбележи со една ваква значајна хумана акција и да остане како сведоштво на нашето одговорно работење.
Оваа акција е продолжување на нашата постојана одговорност кон заедницата и нашата зелена агенда за заштита на животната средина, која е еден од главните приоритети на компанијата.
Преку еколошка свест за заштита на почвата, воздухот и на водите и со континуирани активности во процесите на производство и инвестициите што ги правиме за намалување на емисијата на штетни гасови, отпадни води и намалување на грамажата на PET-шишињата што ги користиме“ – изјави генералниот директор на Прилепска Пиварница, г. Сашко Самарџиоски.
Веќе еден век Прилепска Пиварница ја преточува страста и посветеноста во производство на исклучителни пијалаци, а секоја голтка сведочи за нашата бескомпромисна определба за врвен квалитет и извонредност.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!