Четврти „Стопанска Триоги триатлон 2024“ на 19 мај во Скопје
- Детали
- петок, 29 март 2024
Четвртиот градски триатлон - спринт дистанца „Стопанска Триоги триатлон 2024“ ќе се одржи на 19 мај 2024 година во Скопје. Стартот и целта на натпреварот ќе бидат во спортскиот центар „Борис Трајковски". Пливачкиот сегмент ќе се одржи на базенот „Борис Трајковски", за велосипедскиот сегмент ќе се користи дел од булеварот Илинден, а трчањето ќе биде околу спортскиот центар.
Ова е настан на кој може да учествуваат натпреварувачи од сите можни возрасти и нуди идеални услови за почетници и професионалци од овој спорт.
И оваа година ветуваме трка со која Скопје и спортската јавност ќе се гордее. Очекуваме и годинава да го достигнеме максималниот број учесници што условите ни го овозможуваат, а тоа се 300 и се надеваме дека Скопје сè повеќе гордо ќе стои на мапата на европски триатлон градови.
Во овие тешки времиња за спортот, благодарни сме на сите поединци и општествено-одговорни компании што ни помагаат да го организираме настанот, особено нашиот главен спонзор Стопанска лизинг - вели Данчо Ѓорѓијевски, организатор на трката од клубот „Триоги рејсинг“ од Скопје.
Настанот се реализира со техничка поддршка на Триатлон федерацијата на Северна Македонија.
Пријавувањето ќе биде отворено до 9 мај 2024 или до пополнување на максималниот број учесници.
Kaтегории:
- Сениори (2004 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
- Јуниори (2005-2008): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
- Кадети (2009-20011): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање.
- Деца 2 (2012-2014): 175м пливање, 4км велосипед, 1км трчање;
- Деца 1 (2015 и помлади - рекреативна категорија): 75м пливање, 2км велосипед, 500м трчање;
- Мастерс 1 (1994-1985): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
- Мастерс 2 (1984-1975): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
- Мастерс 3 (1974 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
- Тимски триатлон: Tимoвите треба да се состојат од 3 члена (барем еден учесник од машки и еден од женски пол). Секој учесник штафетно одработува по една од дисциплините на спринт дистанцата: 750м пливање, 20км велосипед или 5км трчање.
Минималната возраст за велосипед сегмент и за трчањето е 16 години, а за пливањето е над 10 години со изјава од родител.