dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

Континуираната експанзија на најголемиот дрогериски ланец во Европа - dm дрогерие маркт продолжува на домашниот пазар. На 29 март 2024 година, со почеток од 10 часот, dm ги отвора вратите на својата 25-та дрогерија и тоа во „Cevahir Mall“.

dm drogerie markt ja prodolzuva svojata ekspanzija se otvora nova drogerija vo chevahir mall vo skopje

Во новата дрогерија, покрај СЕКОГАШ ПОВОЛНО цените, купувачите ќе може да уживаат и во попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ кој ќе трае од 29 па сѐ до 31 март!

Покрај ова, на денот на отворањето, купувачите ќе може да уживаат и во дополнителни изненадувања:

  • Подарок dm торба за пазарување со СЕКОЈА СМЕТКА
  • Подарок Balea гел за туширање, со секоја сметка над 500 денари
  • Подарок dm пешкир за плажа, со секоја сметка над 1.999 денари

Летокот за отворање може да го разгледате тука.

На денот на отворањето купувачите на dm ќе бидат пречекани и во супер весела атмосфера со DJ, а за најмалите ќе има и посебна забава! 

Општествената одговорност на dm како компанија ни овој пат нема да биде изоставена. Дел од остварениот промет на денот на отворањето ќе биде дониран во хуманитарни цели на ЈОУ Детска градинка „Фидани“ – Скопје, општина Чаир.

„Секое отворање на нова дрогерија нѐ радува од две причини – првото е запознавање на нови купувачи, а второто е шансата да направиме нешто добро за локалната заедница. Во месецот кој го одбележуваме со 2 нови отворања, ја потврдуваме нашата компаниска цел, а тоа е да бидеме што поблиску до нашите купувачи и да ги исполнуваме сите нивни потреби и желби преку нашиот богат асортиман, единствените услуги и уникатното искуство за пазарување.“ – Изјави Билјана Миленовиќ – регионален менаџер за продажба во dm дрогерие маркт.

Дрогериите на dm со својот асортиман на речиси 14.000 производи за нега и убавина, производи за нега на мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, како производи за хигиена во домот и нега на алишта се вистинскиот избор за пазарување сѐ на едно место. Повеќе од 3.000 производи се од нивните сопствени трговски марки кои имаат германски квалитет и секогаш поволни цени. Добропознатите dm марки  Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit и сите други, гарантираат идентичен квалитет во сите 14 земји во кои компанијата работи, додека dmBio е бренд со најширока понуда на органска храна во нашата земја.

Новиот продажен објект на dm ќе биде со вкупна површина од 443,76 m2, од кои 361,32 m2 продажен простор, а 50,65 m2 магацински простор, како и 31,79 m2 помошен простор.

Работното време на оваа дрогерија ќе биде:
Понеделник до сабота: 10 до 22 часот
Недела: 10 до 20 часот

Со отворање на овој објект, dm во Македонија е присутен со 25 продажни објекти, од кои 15 во Скопје, по еден продажен објект во Тетово, Велес, Куманово, Битола, Струмица, Гостивар, Струга и Охрид и 2 продажни објекта во Штип!

Направете список за пазарување и на 29 март посетете ја новата dm дрогерија!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg