Гиговска: „Ме викаат тетка Антониа, ама не сум тетка зашто имам 23 години“

Оваа недела во „Нешто конкретно“ ја разработуваме темата созревање. Што најмногу влијае на созревањето? Годините, адаптирањето, реагирањето или однесувањето во одредени ситуации? Дали побрзо созреваат мажите или пак жените? Што значи реченицата „остаре, ама си остана будала“ - дали е тоа комплимемт или навреда?

gigovska-me-vikaat-tetka-antonija-ama-ne-sum-tetka-zashto-imam-23-godini01.jpg

Своите ставови на оваа тема ќе ги изнесат нашите гости Марко Новески, Кирил Трајковски Максим, Антониа Гиговска и Сања Васовиќ.

Својата зрелост Антониа Гиговска ја доживува откако станува мајка, вели сè е поразлично, иако е мајка таа не се чувствува како тетка, туку како дадичка бидејќи има само 23 години.

Партнерите за неа никогаш не влијаеле во созревањето, туку самата околина во која што е растена.

gigovska-me-vikaat-tetka-antonija-ama-ne-sum-tetka-zashto-imam-23-godini-02.jpg

За разлика од неа, Марко признава дека за неговото созревање е виновна токму сопругата. Пред околу 6 години тој сфаќа дека повеќе не сака да го живее животот како што го живеел претходно и решава да се промени.

Максим смета дека мажот не ја доживува зрелоста во почетокот на 40-те години, туку само доживува втор пубертет. Тој на 23 години се оженил првпат и вели дека за еден маж тоа е премногу лудо затоа што е прерано.

Според Максим, еден маж треба да проба сѐ за да созрее, да има време да се откаже од она што не треба да го прави. Тој својот прв брак не го смета за грешка бидејќи има дете од него, но вели патиштата се разидоа и признава дека незрело влегол со таа постапка.

gigovska-me-vikaat-tetka-antonija-ama-ne-sum-tetka-zashto-imam-23-godini-03.jpg

Сања Васовиќ која што неодамна беше запросена, го сподели моментот што ќе го памети цел живот. Имено, нејзиниот вереник кога го купил прстенот веднаш качил висока температура и запросувањето малку се одложило.

Кога дошол моментот да ја запроси, после неколку часа и таа качува температура. До прстенот е или не, на денот на венчавката подобро ќе биде да се напијат парацетамол, се пошегува Максим.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg