Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

За своите активности на полето на општествената одговорност, „Макпетрол“ доби признание од СОС Детско Село. Оваа организација ја награди компанијата и ја вброи меѓу најголемите донатори и поддржувачи за изминатата година.

priznanie-za-makpetrol-kako-eden-od-najgolemite-poddrzhuvachi-na-sos-detsko-selo-01.jpg

Во 2023 „Макпетрол“ стана кум на куќата што го носи името „Верна“ и во која живеат деца со нивните згрижувачки родители. Компанијата донира средства со кои беше обезбедена потребната финансиска поддршка на згрижувачкото семејство.

Стратешкото партнерство меѓу „Макпетрол“ и СОС Детско Село е иницијатива која што е отпочната во рамки на самата компанија, од нејзините вработени.

priznanie-za-makpetrol-kako-eden-od-najgolemite-poddrzhuvachi-na-sos-detsko-selo-02.jpg

Ова е редовна практика, односно голем број предлози за донации и за најразличен вид општествено одговорни активности пристигнуваат од луѓето што се дел од тимот на „Макпетрол“, без разлика на нивната работна позиција.

СОС Детско Село традиционално, секоја година, го организира овој настан на чија што церемонија се заблагодарува за солидарноста и за поддршката од корпоративните и од индивидуалните донатори.

priznanie-za-makpetrol-kako-eden-od-najgolemite-poddrzhuvachi-na-sos-detsko-selo-03.jpg

Организацијата објави дека згрижува 180 деца, а нејзин дел се 86 згрижувачки семејства. Во 2023 година тие помогнале на повеќе од 700 деца, млади, родители и згрижувачи и обезбедиле 27 нови згрижувачки семејства.

Поддршката и овозможувањето развој на заедницата и понатаму ќе биде дел од активностите на „Макпетрол“. Општествената одговорност останува една од најзначајните стратешки цели на компанијата.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg