Саемско освежување на домот

Саемите отсекогаш означувале место на кое се покажуваат најновите достигнувања во специфичните области за кои се наменети. Како што се зголемувала нивната популарност, така се зголемувале и креативните идеи како и што може да се претстави.

saemsko-osvezhuvanje-na-domot-01.jpg

Овогодинешниот саем за мебел кај нас, како и секоја година се одржува во март и претставува место во кое светските и регионалните дизајнери ги одмеруваат силите и креативните идеи како треба да изгледа современиот дом. Тоа е местото во кое се гледаат практичноста на решенијата, како и формите и боите кои ќе доминираат во претстојниот период. Но згора на сѐ, саемите нудат и одлични понуди и попусти со кои можат да се направат одлични освежувачки промени во домот.

Но да видиме најпрво што е она што ќе ја оддели 2024 од трендовите на минатата година.

Нежен луксуз

Оваа година акцентот го ставаме на минимализмот и едноставноста, а еден од главните карактеристики на овој концепт е во својот ентериер да имаме квалитетни парчиња мебел кој ќе го издржат тестот на времето.

saemsko-osvezhuvanje-na-domot-02.jpg

Корнер за уживање со декорации за домот COCO maison

Во денешно време еден од трендовите е при уредувањето на домот да оставите простор кој ќе претставува корнер за уживање. Затоа при решавањето на аглите на просториите денешните дизајнери вметнуваат парчиња мебел во кои ќе можат да се сместат декорации на домот кои секогаш внесуваат дополнителна топлина и елеганција во просторијата.

saemsko-osvezhuvanje-na-domot-03.jpg

Темно дрво

Спротивно на трендовите од минатата година кога во фокус беше светлото дрво, оваа година нешто потемните нијанси ќе ја доживеат својата ренесанса. Најдобар избор ќе бидат ореовото или дабовото дрво, со кои најдобро ќе се сложуваат светлите тонови на ѕидовите.

saemsko-osvezhuvanje-na-domot-04.jpg

За време на саемот, Прима ви нуди одличен саемски попуст во сите салони на Прима мебел за целосно пролетно опремување на домот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg