Согорувањето никогаш не е добро: Загорената храна може пак да се приготви, но како да не изгорите на работа?
- Детали
- четврток, 21 март 2024
Согорувањето никогаш не е добро кога се работи за вкусот. Никој не сака прегорен тост, ниту изгорен колбас на скара, но и тоа лесно се решава. Ќе извадите нов тост и ќе го ставите во тостерот, како и нов колбас на скара и ќе внимавате повторно да не загори. Но, што кога ќе прегори духот бидејќи не можете да се одбраните од хроничните проблеми од различен вид на работното место? Нов дух тешко дека можете да набавите туку така.
Во последно време повеќе од кога било се зборува за фамозниот „burnout“ синдром или синдром на согорување на работа. Се работи за долготраен одговор на хроничните емоционални и меѓучовечки предизвикувачи на стрес на работното место, кој настанува како последица на неусогласените односи помеѓу вработените луѓе, од една страна и работната средина, од друга страна.
Симптоми на синдром на согорување на работа се емоционална исцрпеност, отуѓеност и намалено самовреднување. Сèто она што за еден човек било важно, значајно или претставувало предизвик на работното место, со текот на времето станува непријатно, и безначајно. Тогаш енергијата се претвора во исцрпеност, посветеноста во цинизам, ефикасноста во неефикасност и сите првобитни димензии на работниот ангажман се претвораат во нивна спротивност.
Човекот кој страда од овој синдром често чувствува замор, малаксаност, неодредени физички болки, главоболка, страда од несоница, има стомачни проблеми, раздразлив е, нервозен, па дури и посегнува по алкохол или дрога. Лицето е тажно, пречувствително, чувствува песимизам и безнадежност.
Иако има сличности со стресот, депресијата и незадоволството на работа, овој синдром се разликува од нив по времетраењето, бидејќи се работи за хронично нарушување. Најчесто се јавува кај лицата кои вршат работи кои подразбираат комуникација со луѓе, кои често се преоптоварени со должината на работното време и обемот на работа, немаат поддршка од колегите или влегуваат во конфликти со нив.
Но, како да се надмине „burnout“ синдромот? Психолозите велат - со промени во однесувањето, одредување приоритети во животот, поставување граници, но и со физички активности и релаксација, занимавање со спорт, воведување редовни прошетки, слушање на омилената музика, гледање телевизија итн.
При преминот на добрите навики, важна улога може да одигра и префрлањето од цигарите на уредите кои ги загреваат тутунот, наместо да го согоруваат, и при тоа се ослободуваат до 95 проценти помалку штетни материи во споредба со традиционалните цигари. Трчањето, прошетката, поздравата исхрана во комбинација со животот без чад, пепел, без непријатни мириси од тутунот, што придонесува за подобар живот и промена на начинот на живот, може човекот кој е веќе емотивно исцрпен да го направи позадоволен со себе. Сепак, важно е да се знае дека овие уреди не се производи без ризик, бидејќи ослободуваат никотин, кој предизвикува зависност и се наменети само за полнолетни лица.
Сите овие начини се и добра превентива да не дојде до „burnout“ синдром. Ако сето тоа не успее, тогаш е потребно да се побара и стручна помош.