„Халкбанк“ објавува конкурс за најдобра поетска творба на тема „Радоста е во споделувањето“

Скопје, 18 март: „Халкбанк“ објавува конкурс за деца за најдобра песна на тема „Радоста е во споделувањето“. Овој конкурс се одржува во рамките на месецот на емпатија, во согласност со проектот на „Халкбанк“ насловен како „Емоцијата има своја боја“. Веруваме во креативноста на децата и во нивната безгранична способност да ги изразуваат емоциите преку уметноста.

halkbank-objavuva-konkurs-za-najdobra-poetska-tvorba-na-tema-radosta-e-vo-spodeluvanjeto-01.jpg

– Одлучивме месецот март целосно да го посветиме на емпатијата, која ја обоивме во жолта боја, но и на децата генерално. Покрај интересните и едукативни содржини што постојано ги споделуваме преку социјалните мрежи, решивме на децата да им дадеме и креативен предизвик. Затоа, распишавме поетски конкурс во чест на Денот на поезијата 21 март – вели Маја Наумовска-Савеска од „Халкбанк“.

Со оваа иницијатива, „Халкбанк“ ги поттикнува децата да ги искажат своите чувства на радост преку поезија. Трите најдобри песни ќе бидат објавени на 31 март и ќе бидат наградени со пакет изненадување од Халки.

Сите заинтересирани деца се поканети да учествуваат на овој конкурс и да го изразат своето уметничко творештво во форма на поезија. Поетските творби треба да се испратат на мејлот: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., а конкурсот трае до 30 март, 2024 година.

За квалитетот на пристигнатите творби ќе одлучува тричлена жири – комисија.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg