Вработените на Комерцијална банка со нова и модерна службена облека потпишана од „Кокев“

Вработените во филијалите и експозитурите на Комерцијална банка денеска ги пречекаа клиентите со нов изглед. Со новите, модерни и удобни униформи, кои ги пресликуваат постоечките вредности и идентитетот на Банката, тие ја продолжуваат својата секојдневна мисија – да одговорат на потребите на клиентите со понуда на врвни финансиски производи и услуги.

vrabotenite-na-komercijalna-banka-so-nova-i-moderna-sluzhbena-obleka-potpishana-od-kokev-01.jpg

Тимовите во експозитурите на Комерцијална банка се еден од клучните носители на целокупното работење на Банката, на нејзините корпоративни вредности и на нејзината посветеност на потребите на клиентите. Оттука и произлезе идејата за нова службена облека, во која вработените ќе се чувствуваат удобно и задоволно, а клиентите повторно ќе ги препознаат модерните трендови што ги следи Комерцијална банка.

vrabotenite-na-komercijalna-banka-so-nova-i-moderna-sluzhbena-obleka-potpishana-od-kokev-02.jpg

Новите униформи се целосно македонски производ, дизајнирани од модната дизајнерка Тања Кокев и шиени во конфекцијата „Кули“ од Прилеп. Оваа соработка беше плод на нашата определба да дадеме дополнителна и значајна поддршка на домашната економија и на истакнатиот професионализам и подготвеност на „Кокев“ и „Кули“ да создадат производ кој ќе ја продолжи приказната на брендот Комерцијална банка.

vrabotenite-na-komercijalna-banka-so-nova-i-moderna-sluzhbena-obleka-potpishana-od-kokev-03.jpg

„Како банка која дава огромна и постојана поддршка на домашната економија, навистина немавме дилема дека униформите треба да бидат домашно производство. Со новата работна облека првенствено сакавме вработените на своите работни места да бидат задоволни и да се чувствуваат удобно.

Веруваме дека и клиентите ќе го доживеат новиот стил на нашите вработени како уште еден чекор од постојаната модернизација, во која фокусот на Комерцијална банка е насочен пред сѐ на понудата на современи и ефикасни финансиски производи и услуги“, вели Билјана Максимовска-Поповиќ, Главен директор за корпоративно банкарство и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.

vrabotenite-na-komercijalna-banka-so-nova-i-moderna-sluzhbena-obleka-potpishana-od-kokev-04.jpg

Дизајнерката Тања Кокев истакнува дека новиот лик на службениците на Комерцијална банка има за цел да креира препознатлив и модерен изглед, соодветен на нивниот однос и начин на работење со клиентите.

„Сакав да ги задоволам потребите и очекувањата на вработените да имаат удобна, практична и пријатна облека за носење. Но, не сакав ни да го изгубам фокусот од тоа облеката да ги одразува вредностите и идентитетот на Банката и нејзината определба да ги следи најновите трендови во нејзината дејност.

Верувам дека успеав да постигнам синергија, а резултатот е нова и модерна приказна која ќе ја раскажуваат службениците на Комерцијална банка во своето професионално секојдневие“, изјави Кокев.

vrabotenite-na-komercijalna-banka-so-nova-i-moderna-sluzhbena-obleka-potpishana-od-kokev-05.jpg

Новата службена облека за вработените во Комерцијална банка значи уште поголема поврзаност во нашиот КБ тим, со кој се гордееме и со кој полесно и заедно создаваме значајни и иновативни продукти за сите наши клиенти.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg