Шампионски на E-Commerce наградите – Ananas со дури седум награди
- Детали
- петок, 15 март 2024
Ananas е убедлив победник на e-Commerce 2023 наградите - со дури седум освоени награди.
Популарниот “шопинг мол, ā на нет”, Ananas, кој веќе го користат огромен број на купувачи во Македонија, на овогодинешните награди на E-Commerce асоцијацијата, е прогласен за најдобар во дури пет категории, а дополнително освои и една сребрена и една бронзена плакета.
По гласањето од корисниците кое траеше речиси еден месец, својот став го даде и стручното жири составено од 12 етаблирани професионалци во различни области поврзани со E-commerce индустријата – од универзитетски професори до маркетинг експерти.
Гласањето на корисниците се одвиваше онлајн, додека гала манифестацијата и прогласувањето на конечните победници се одржа во хотелот DoubleTree by Hilton, во Скопје.
Убедливи шампиони на 2023 e-commerce наградите
Корисниците и жирито гласаа во вкупно 24 различни категории на e-commerce наградите.
Ananas беше номиниран и се натпреваруваше во вкупно осум категории, а победи во дури пет категории – Најдобра новоотворена е-продавница, Е-продавница за различни производи, Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми и Маркетплејс платформа на годината.
Исто така Ananas се закити и со најпрестижната награда и беше прогласен за Е-трговец на годината.
“Поставивме високи цели и стандарди од првиот ден на нашето работење. Горд сум што за толку кратко време успеавме да ги исполниме целите, а нашата работа е препознаена.
Сè уште сме на почетокот и Ananas допрва ќе ја менува и обликува онлајн шопинг индустријата кај нас. Им благодарам на сите кои гласаа за нас – со сигурност ќе ја оправдаме довербата и високите очекувања“ – изјави Денис Ампов, Директор на Ananas за Македонија.
Во продолжение, уживајте во фотографиите направени од гала настанот во Double Tree by Hilton.