Студенти што сакаат да водат, не да следат, ќе го менуваат светот!

Што мислат студентите од Бреинстер Некст колеџ за лидерството? Како практичниот начин на образование поддржува млади што сакаат да водат, а не да следат?

studenti-shto-sakaat-da-vodat-ne-da-sledat-kje-go-menuvaat-svetot-01.jpg

Во секој од нас тлее желба да биде лидер, сакаме да го признаеме тоа или не! Не зборуваме за лидер што само ќе дава наредби, туку за оној што ќе води, инспирира и така ќе прави револуција во одредена област.

Во Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College), првиот практичен ИТ-факултет кај нас, ништо не е просечно. Тие велат дека се жив екосистем преполн со исклучителни студенти, посветени професори и иновативни компании, сите обединети со заедничка амбиција - да бидат домот на идните лидери. На оние што ќе ги поместуваат границите!

Родени лидери? Па, не е баш така

Херои од детството предодредени само за големи дела. Сте ги слушнале приказниве. Иако романтичниот поим за „родени лидери“ има одредена вистина, тоа не е целата слика. Многу поединци поседуваат природни квалитети како што се харизма, самодоверба или љубопитен ум, што се карактеристики на лидерите. Но, самото лидерство се создава преку искуство и развој. И образование!

„Во Бреинстер Некст колеџ, веруваме дека лидерството не е право стекнато со раѓање. Да, ги гледаме вродените квалитети. Но, со помош на нашите ментори и професори, искуства од реалниот свет, иновативите образовни програми им помагаме на студентите да не заборават дека може да водат, а не само слепо да следат“, велат оттаму.

Оваа синергија помеѓу природниот талент и стекнатите вештини е она што навистина го издвојува Бреинстер Некст колеџ од другите. Покрај тоа што ги идентификуваат потенцијалните лидери, им даваат моќ да „процветаат“ и да имаат значајно влијание.

Запознајте ги Кире, Белма, Даниел, Тамара.. Ова се само дел од исклучителните NEXT студенти што сакаат да ги кршат правилата и да создаваат нови. Да водат, а не слепо да следат.

Одговорност, способност за слушање, разбирање и учење од други

За Кире Јорданов, студент од втора година на студиската програма Софтверско инженерство и иновации, лидерството во суштина се однесува на способноста на една личност да води, инспирира и влијае на одредена група на луѓе кон постигнување на заеднички цели. Како студент што гледа кон просперитет и успех, лидерството за него не само што вклучува управување со проекти или тимови, туку подразбира и развивање на вештини како што се емпатија, одговорност и способност за слушање, разбирање и учење од други.

„Лидерството е способност да се биде во оној преден ред на иновации и креативност, со одредена водечка фигура која ќе биде синоним за инспирација и мотивација за луѓето во дадената околина. А од друга страна лидерството само со себе носи одговорност за носење акции и одлуки кои најверојатно би биле клучни и со нив би требало да се покаже интегритет во сѐ што би правел еден лидер. И би требало да биде репер за останатите во неговата околина“, вели тој.

studenti-shto-sakaat-da-vodat-ne-da-sledat-kje-go-menuvaat-svetot-04.jpg

Даниел Дечков, кој е прва година на истата студиска програма, пак вели дека прво што му доаѓа на памет кога некој ќе спомне „лидер“ е човек што во својот репертоар на способности треба да го има она што е потребно за тој да стане лидер, односно тоа е водство. 

„Под водство подразбирам тој да го зема во предвид тимот и нивните способности сѐ со цел да напредуваат во кое било поле. Лидерот својот тим треба да го мотивира и пренасочува кон целта која е замислена. Тој треба да е спремен да се справи со какви било проблеми без разлика дали тој лично или неговиот тим се соочува. Исто така треба да биде и решителен за било каква одлука што ќе влијае на него и неговиот тим“, вели Дечков.

Тамара Трајкова и Белма Хајрадиновиќ студираат на уникатнатa студиска програма UX/UI и графички дизајн и се прва година. Како тие го доживуваат лидерството?

„Тоа за мене претставува процес на водење и влијаење на луѓе заедно кон постигнување на заеднички цели. Тоа вклучува почитување, слушање и водење со пример, но и охрабрување на учество и развој на талентите на другите. Лидерството се заснова на комуникација, инспирација и способноста да се создаде позитивна и инклузивна работна средина во која сите можат да се развиваат и да напредуваат“, вели Тамара.

Белма додава дека за неа вистински лидер е личност која е самоуверена и посветена на својата работа. Затоа, лидерот знае да постави приоритети и да најде алтернативи начини за поефикасно и поефективно извршување на работата. 

„Лидер е оној што ги мотивира и охрабрува членовите на својот тим да ја завршат работата најдобро што можат. Тој треба да им помогне на членовите на тимот да напредуваат во нивната работа и да го забележат и пофалат нивниот напредок. Лидерот ги насочува членовите на тимот и им помага да постигнат заедничка цел“, вели Белма.

studenti-shto-sakaat-da-vodat-ne-da-sledat-kje-go-menuvaat-svetot-02.jpg

Кој светски проблем прво би го решавале?

Практичната методологија на учење што ја практикува овој факултет ги мотивира студентите веќе да размислуваат како може да влијаат позитивно на решавањето на горливите проблеми во општеството. 

„Затоа и се трудиме да им обезбедиме реални проекти т.н tech for good со кои ќе почувствуваат дека помогнале и дека имале импакт врз некој проблем“, велат од факултетот.

Ги прашавме студентите кој проблем што се случува во свeтски рамки ги држи будни ноќе и како би ја искористиле нивната креативност за да го решат? Многу интересни одговори имаат и на прашањето со која историска личност би сакале да решаваат некој проблем.

Проблем за кој често размислува Тамара е социјалната и економската нерамнотежа, особено во контекстот на различните нивоа на развој меѓу различните региони и земји. 

„За да се адресира овој проблем, би биле потребни неконвенционални пристапи како што се промена во економски модели за поддршка на вклучувачки раст, зголемување на пристапот до образование и здравствена заштита за сите. Мојата креативност би ја искористила за креирање на програми и иницијативи кои ќе ги поддржуваат малите бизниси, образованието и воведување на технологии што ќе ги олеснат вклучувањето на луѓето во економијата. Таквите програми би биле дизајнирани за да се промовира економска рамнотежа и за да се оствари постојан раст кој ќе ги вклучува сите слоеви на општеството“, вели Тамара.

Исто така конкретно би се посветила на проект кој би ги револуционирал начините на производство и употреба на чиста енергија. 

„Мојата цел би била да создадам систем за производство на електрична енергија кој би бил ефикасен, достапен и еколошки одржлив. Ова би имало големо влијание врз светската енергетика и би придонело за редуцирање на загадувањето на животната средина и намалување на зависноста од необновливи извори на енергија“.

Нејзиниот избор за личност од историјата со која би сакала да соработува е Никола Тесла, токму поради неговите револуционерни идеи во областа на електричната енергија. Тесла би ѝ бил идеален партнер за овој проект поради неговите генијални концепции и визија за бесконечната енергија од воздухот и слободна енергија за сите. 

Кире објаснува дека проблемите што се случуваат на светско ниво и што можат да предизвикаат загриженост се разновидни и често комплексни, вклучувајќи климатските промени, загадувањето, недостигот на чиста вода, неправедната дистрибуција на богатството, здравствените кризи. Но, во глобала тоа на што тој размислува е иднината и самиот развој на целото општество.

„Колку во иднина би можело да се развива целата цивилизација и технологија и дали таа би можела да се носи со самиот развиток, односно дали самото развивање би ги смалувало и елиминирало проблемите кои постојат. Искрено се надевам и гледам кон позитивната страна на оваа тематика и мислам дека е многу битен начинот на размислување и дејствување на новите и младите генерации. Областа и струката во која сме определени ние како студенти на Бреинстер Некст колеџ, игра навистина голема и значајна улога во самата проблематика и развиток на цивилизацијата и технологијата“, вели тој.

studenti-shto-sakaat-da-vodat-ne-da-sledat-kje-go-menuvaat-svetot-01_1.jpg

Како Бреинстер Некст колеџ ги негува лидерските потенцијали?

Бреинстер Некст колеџ е плодна почва за независни мислители, иноватори, решавачи на проблеми и идни лидери. Професорите ги охрабруваат студентите да прашуваат, да ги оспоруваат нормите и да ја градат иднината.

Даниел смета дека тоа што професорите ги оставаат сами, преку решавање на проблемите и предизвиците на предадениот материјал е доволна мотивација за нив како личности, сами да размислуваат и да пронаоѓаат решенија.

„Нормално, ако наидеме на проблем при решавање на зададената задача тие се тука да ни пружат помош. Но, тоа што не оставаат самостојно да размислуваме и решаваме ни придонесува доволно за развивање на нашиот mindset да размислуваме како лидери“.

Белма, пак додава дека спротивно од стандардното македонско образование, факултетот пред сѐ нуди почит, култура, професионалност, а знаењето се наградува и се гради на прав начин, преку практични предавања, примери, а не само теоретско знаење.

studenti-shto-sakaat-da-vodat-ne-da-sledat-kje-go-menuvaat-svetot-03.jpg

За Кире, Бреинстер Некст колеџ, со својата иновативна методологија на настава и учење, како и преку ангажманот на квалификувани професори, игра значајна улога во мотивирањето на студентите да размислуваат и развиваат лидерски вештини. 

„Ставен е силен акцент на проектно ориентирано учење, каде се работи на реални проекти. Оваа практика не само што ги подготвува студентите за вистинскиот свет на работа туку и ги поттикнува да преземаат иницијатива, да бидат креативни во решавањето на проблеми и да развиваат способност за водење на тимови и проекти. Професорите не се само предавачи, туку и ментори кои нѐ поддржуваат во нашиот развој. Нивната посветеност да ги споделуваат своите знаења и искуства, како и отвореноста за дискусија и повратни информации, создава средина во која се чувствуваме овластени да преземаме лидерски улоги. Голем дел од нив нѐ поттикнуваат да го развиваме доживотното учење како вредност, и нѐ подготвуваат за постојано да се прилагодуваме и справуваме во динамичниот свет на работа“.

Ова се само неколку размислувања на извонредните поединци за кои Бреинстер Некст е многу повеќе од факултет. Ова е место за млади луѓе што не се плашат да учат, сакаат да постигнат високи цели, да бидат лидери, да водат, а не само слепо да следат.

Приемниот тест за упис на Бреинстер Некст колеџ е отворен, а со тоа и можноста за финансиската поволност „Студирај сега, плаќај по вработување“, единствена во регионот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg