Давид Темелков: Не би рекол дека сум домазет, само зет!

Во новото издание на „Нешто конкретно“ зборуваме за машко-женска комуникација, односно зошто различно толкуваме и слушаме, зошто постои тоа тешко разбирање меѓу двата пола?

david-temelkov-ne-bi-rekol-deka-sum-domazet-samo-zet-01.jpg

Гости ни се Давид Темелков, Андријана Алачки, Валентин Николовски и Бојан Кордалов.

Со оглед на тоа дека неодамна беше празникот Свети Валентин, не издржавме да не го прашаме нашиот гостин Тино како се чувствува тој ден опкружен со сите оние мемиња што се креираат во врска со него и Трифун Костовски.

На почеток се пошегува и рече дека не би сакал да зборува за тоа плашејќи се дека следната година ќе се засилат уште повеќе, но потоа искоментира дека тој ден го преспива за да не ги гледа сите оние монтажи со кој народот се забавува.

Давид Темелков кој што живее во Хрватска и се ожени таму, на прашањето на кој јазик се расправа со својата сопруга рече дека кога ќе почнел на македонски тоа значи дека сите граници се поминати. 

Андријана Алачки, пак, смета дека мирот во куќата се постигнува кога има тенџере на шпоретот.

Комуникологот Бојан Кордалов на прашањето кога потешко се разбира жена кога е во ПМС или во климакс, тој одговори: „Најтешко се разбира кога ќе добиеш реченица од типот - ти си знаеш“. 

david-temelkov-ne-bi-rekol-deka-sum-domazet-samo-zet-03.jpg

Валентин Николовски и Андријана Алачки одиграа мала претстава во која тие ги имаат улогите на лут маж што молчи и жена што се обидува да дознае зошто тој молчи.

Па погледнете како комуникологот Кордалов ја оцени нивната изработена задача.

Дознајте и што е помоќно дали да кажеш извини или благодарам, како гласи повикот на кавга и што значи комуникацијата со очи.

„Нешто конкретно“ се емитува секоја недела во 17.00 часот на Телма. 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg