Со намалување на штетите до побели насмевки
- Детали
- петок, 08 март 2024
Луѓето кои се префрлаат од цигари на производи без чад имаат побели насмевки од оние кои продолжуваат да пушат, покажа најново истражување. Импликациите се многу повеќе од само естетски. Тоа е затоа што изгледот може да биде важен мотив за луѓето да престанат да пушат. Други истражувања пак, покажаа дека промената на бојата на забите е значаен извор на незадоволство кај луѓето кои пушат.
Новата студија е прва што ги истражува промените во оралното здравје и естетиката на забите кај луѓето кои преминале од цигари на алтернативи (е-цигари и уреди за загревање на тутун), кои ги намалуваат на штетите. Како дел од проектот SMILE во Центарот за забрзување на намалување на штети (CoEHAR) на Универзитетот во Катанија, оваа студија опфати голема група меѓународни истражувачи и вклучува преку 400 учесници во Италија, Полска, Молдавија и Индонезија.
Истражувањето кое е во тек има за цел да помогне во намалувањето на стапките на пушење преку презентирање на издржани научни докази дека користењето алтернативи за намалување на штети е подобро за оралното здравје.
Еден од авторите е д-р Рикардо Полоса, професор по интерна медицина на Универзитетот во Катанија и основач на CoEHAR, ги изнесе своите ставови за истражувањето:
„Оваа студија е значајна бидејќи го означува првото истражување за тоа како електронските цигари и уредите што загреваат влијаат на естетиката на забите. Користејќи нова методологија што овозможува прецизно мерење на бојата на забите, наодите открија дека пушачите на цигари имале околу 35 проценти поголема промена на бојата на забите од непушачите, поранешните пушачи и оние кои исклучиво користеле подобри тутунски алтернативи, кои покажале значително побели заби во споредба“, вели д-р Полоса.
Според него, овие сознанија се релевантни и за истражувањето - збогатувајќи го нашето разбирање за естетските влијанија на алтернативите без чад и за потрошувачите.
„Со оглед на загриженоста што многумина, особено младите луѓе, ја имаат во врска со изгледот на нивната насмевка, овој доказ би можел да ги поттикне пушачите да размислат за префрлање на помалку штетни алтернативи, не само за да го подобрат изгледот на забите, туку и потенцијално да го намалат ризикот по нивното здравје.
Негативното влијание на пушењето цигари на оралното здравје и промената на бојата на забите е добро познато, но убедувањето на пушачите да престанат со пушење останува предизвикувачка борба, често и без резултат. Верувам дека истакнувањето на нашите наоди би можело да пружи нови убедливи информации за стоматолозите и стоматолошките хигиеничари, и може да има значајни импликации за пушачите, кои се посебно загрижени поради лошиот здив и естетскиот изглед на своите заби“, нагласи д-р Рикардо Полоса.