НЛБ Банка станува членка на WOBА - регионална невладина иницијатива за родова еднаквост на раководни позиции

НЛБ Банка, во светло на одбележување на Меѓународниот ден на жената, со задоволство објавува дека станува членка на Women On Boards Adria (WOBA), регионална невладина и непрофитна асоцијација за промоција на родовата еднаквост на високо-раководни позиции. Фокусирана на регионот Адриа, WOBA работи со бизниси, влади и меѓународни институции со цел да придонесе кон зголемување на застапеноста на жените во одборите и на извршните позиции, исполнувајќи ги барањата на ЕУ кои произлегуваат од Европската директива за жени во извршни одбори.

NLB_WOBA.jpg

Членството е дел од континуираните заложби и посветеноста на нашата Банка за родова еднаквост на сите нивоа и области во деловното работење, градење на свест и култура на почитување на вредностите и компетенциите независно од родот, и повисоки работни позиции за жените, засновани на квалитет. Со членството во WOBA, одиме чекор повеќе кон јакнење на жената во корпоративниот свет, охрабрување и респект кон женскиот бизнис потенцијал, препознавајќи ја вредноста на ова партнерство во контекст на интеграција на ESG критериумите и корпоративната одржливост.“ – потенцира Бранко Грегановиќ, Претседател на УО на НЛБ Банка Скопје и иден амабасадор на WOBA.

Членството во WOBA нуди неспоредливи можности за личен раст и вмрежување, преку настани кои ќе се одржуваат во главните градови од Адриа регионот, врвни програми за обука, лични коучинг сесии фокусирани на градење на лидерски вештини и компетенции за членство во извршни одбори, техники за интервју, ефективни стратегии и стратешко планирање на кариерата, со цел забрзување на темпото со кое жените се искачуваат на високи менаџерски позиции.

„Исклучително сме горди што НЛБ Банка Скопје, како една од водечките банки во Северна Македонија, станува дел од мрежата Women on Boards Adria и веруваме дека ова партнерство ќе придонесе за понатамошно унапредување на родовата еднаквост и поголема застапеност на жените на водечки позиции и корпоративни одбори во Северна Македонија и регионот Адриа. Сакаме да ги зајакнеме жените, да им дадеме можност да ги подобрат своите вештини и знаења за улогите во управните одбори преку обука и менторство, и да ги подготвиме компаниите за бизнис според европските стандарди, сè со цел да се постигнат извонредни резултати, за што, поддршката на НЛБ Банка на патот кон ова е многу важна“ - истакнува Билјана Брејтвејт, Претседателка на регионалното здружение Women on Boards Adria и извршен директор на Sustineri Partners.

Поддржувајќи го мотото на годинешниот Меѓународен ден на жената #ИнспирирајИнклузија, НЛБ Банка упатува срдечни честитки до сите жени, со искрени заложби за свет без пристрасност, стереотипи и дискриминација, разновиден, правичен и инклузивен.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg