Градинарскиот центар Фоја слави 19 години, со 19% попуст на сите растенија

Овој март, Фоја ја поканува заедницата да се приклучи на прославата на својата 19-годишнина, одбележувајќи речиси две децении посветеност на збогатување на нашите животи со убавината и различноста на природата.

gradinarskiot-centar-foja-slavi-19-godini-so-19-popust-na-site-rastenija-01.jpg

Од своето основање, Градинарскиот центар Фоја е повеќе од место за купување растенија туку е енергичен центар за оние кои се страсни за градинарството, нудејќи зелено засолниште за секој човек што сака да оствари длабока врска со животната средина.

Зелено наследство изградено со страст

За овие 19 години раст и успех, тимот на Градинарскиот центар вели:

„За нас ова е неверојатно патување.Имавме среќа да го споделиме ова патување со заедницата која ја цени нашата работа и љубовта кон природата“. Посветеноста на центарот за обезбедување зелени решенија и грижата за секој расад длабоко одекна кај многумина со што се создаде лојална база на ентузијасти за градинарство и борци за подобрување за животната средина“.

gradinarskiot-centar-foja-slavi-19-godini-so-19-popust-na-site-rastenija-02.jpg

Како благодарност за непоколебливата поддршка добиена низ годините, Градинарскиот центар Фоја нуди специјален јубилеен попуст од 19% на сите растенија на отворено. Само три дена (7-9 март), клиентите можат да ја искористат оваа дарежлива понуда за подобрување на нивните градини, тераси и надворешни простори.

„Овој попуст е наш начин да ѝ возвратиме на заедницата која не поддржуваше во овие 19 извонредни години“, велат од Фоја.

Градината на чудата чека

Со широк асортиман на дрвја, зимзелени растенија, жива ограда, цвеќиња, украсни грмушки, уникатни и егзотични сорти на растенија, украсни треви и повеќегодишни цветови, Градинарскиот центар Фоја сака да овозможи на секој градинар да најде нешто по свој вкус.

gradinarskiot-centar-foja-slavi-19-godini-so-19-popust-na-site-rastenija-03.jpg

Центарот се гордее со својата понуда, внимателно одбрана за да го задоволи секој вкус и големина на градината, нагласувајќи го верувањето дека најздравите и најдолговечните луѓе се оние кои се занимаваат со градинарство.

Како што Градинарскиот центар Фоја влегува во својата 20-та година, тие остануваат посветени на својата мисија за создавање позелени површини и промовирање на радоста на градинарството.

gradinarskiot-centar-foja-slavi-19-godini-so-19-popust-na-site-rastenija-04.jpg

Прославата на годишнината не е само одраз на минатото, туку и поглед напред кон иднината исполнета со повеќе зелени иницијативи, вклученост на заедницата и континуиран раст.

Ве очекуваме во Фоја

Ул. Борис Трајковски 152 А , Скопје

( на патот према нас. Пинтија )

08-17 ч.

Или онлајн на:

https://foja.com.mk/shop во било кое време

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg