Ефектива освои награда за најдобра конференција на БЕАМ фестивалот за „Чувари на мудроста“
- Детали
- четврток, 07 март 2024
Скопје/7 март: Маркетинг агенцијата Ефектива со гордост објавува дека освои награда за најдобра конференција за „Чувари на мудроста“ во категоријата најдобар самит, конгрес или конференција на вчерашниот БЕАМ фестивал.
Секоја награда е вредна и има големо значење за луѓето кои искрено и посветено работат и го сакаат она што го работат. Но, оваа награда нив им е особено драга и различна од останатите, бидејќи доаѓа од луѓе од фелата, луѓе кои секој ден го живеат она што значи успешна и професионална организација на настан, истакнуваат од Ефектива.
„Во име на целиот тим кој работеше на конференцијата „Чувари на мудроста“ ќе споделам една мудрост од мојот драг професор: „Важно е кој ги создава проектите, но уште поважно е кој ги одобрува“. Оваа награда ја посветуваме токму на нив, на тимот од Халкбанк, кои веруваат во нас и во нашата храброст и лудост. Секој успех започнува со доверба и тимска работа. Ние, за наша среќа, ги имаме најхрабрите соработници“, изјави на сцената додека ја примаше наградата Софија Семенпеева Трајановска, директор на Ефектива.
„Чувари на мудроста“ е дел од нивната посветеност кон работа на проекти кои ги рефлектираат нивните вредности и цели. Токму затоа, наградата тие ја посветуваат и на сите оние на кои беше посветена оваа конференција, на нашите чувари на мудроста, луѓето кои не израснаа во она што сме денеска.
Настанот се одржа вчера во хотел Мериот, каде на едно место беа собрани професионалци од различна област, а организацијата на настанот беше беспрекорна. Конференцијата беше избрана како најдобра меѓу уште два номинирани настани во истата категорија