Три совршени осмомартовски подароци за секоја жена

Празникот на жената е на прагот и најдобро е да набавите подароци за вашите сакани пред да почнат турканиците по продавниците. Најдобрата варијанта за обезбедување подароци е да нарачате онлајн.

Во Македонија функционираат повеќе онлајн шопинг платформи. Некои од нив посветуваат големо внимание на своите потрошувачи и за 8 Март имаат специјални понуди и акции за да ја олеснат празничната магија за сите. Таква е шопинг платформата Ананас, која за празникот на жената има специјална страница наменета за осмомартовски подароци.

Но, што да им подарите оваа година на жените што ги сакате? Изборот е огромен и има илјадници производи што се чинат како добар избор. Доколку се двоумите, ние подготвивме три предлози, кои со сигурност ќе им се допаднат на дамите што ги имате на ум. Продолжете со читање и одберете од трите предлози.

tri-sovrseni-osmomartovski-podaroci-za-sekoja-zena-1.jpg

Елегантен накит за разни пригоди

Жените носат накит откако постои човештвото. Некогаш тоа биле органски материјали како камен, дрво или кожа, а денес накитот се прави од злато, сребро, но и разни скапоцени камења. Може да се каже дека секоја жена сака накит, па ваквиот подарок е одлична идеја за 8 Март.

Има различен тип накит и важно е да истражите што мисли жената на која планирате да ѝ подарите дека е најдобра опција. Од изобилството опции, најчест избор се разните обетки, синџирчиња, алки и прстени.

Обетки

Обетките се елегантен моден додаток, кој речиси секоја жена го обожава. Разните форми и величини на обетките го нагласуваат стилот и го менуваат изгледот на жената. Во многу пригоди, специфичните обетки може да пренесат одредена порака, па одбирањето на вистинскиот пар обетки е навистина сериозна задача.

Ланчиња

Слично како и обетките, ланчињата се дел од накитот што се користи отсекогаш. Денешните ланчиња се најчесто направени од злато и сребро, но различните додатоци што се закачуваат на нив ја прават целосната слика при создавањето на стилот.

Алки

Алките се накит што совршено го доловува модниот стил на жената. Одберете алки што изгледаат гламурозно и елегантно. Ваквиот подарок ќе ѝ овозможи на жената да го комбинира со другиот накит и модни додатоци и да создаде целосна слика.

Прстени

Прстените се уште еден накит што ја истакнува елеганцијата на жената. Покрај вереничките и венчалните прстени, жените обожаваат обични прстени, кои одговараат на останатиот накит и модни додатоци. Размислете за стилот на жената на која ѝ подарувате и одберете го идеалниот прстен за неа.

Прекрасен женски часовник

Модерниот рачен женски часовник покажува многу повеќе од времето. Часовникот е детаљ што целосно го дополнува стилот на жената и, покрај практичната функција што ја има, тој е и моден и стилски додаток. Но, како да знаете кој часовник е вистинскиот избор? Еве неколку нешта што треба да ги имате предвид:

Величина
Природно има луѓе со поголеми и потенки зглобови на рацете, па, според тоа треба, да одберете модел што ќе биде соодветен на раката на жената што го добива часовникот како подарок. Ракувајте се со неа во некоја следна пригода и суптилно погледнете која е величината што идеално ќе ѝ одговара.

Стил
Стилот е индивидуален. Секоја личност има различна замисла за тоа кој стил часовник е идеален. Сепак, доколку погледнете какви часовници вообичаено носи оваа личност, тогаш ќе знаете каков модел да одберете и за оваа пригода.

Боја
Бојата на часовникот е многу важна, особено доколку знаете каков часовник недостига во колекцијата на дамата за која барате подарок. Доколку е возможно, прашајте или погледнете ја колекцијата и обидете се да забележите што недостига. Најчеста боја за женските часовници е сребрената, но има и златни, црни и бели варијанти, како и спортски модели во најразновидни бои.

Тип ремче
Типот ремче го комплетира изгледот на рачниот часовник. Ремчето има улога и на алка, па важно е да одговара и на другиот накит и модни додатоци, а не само да одговара на самиот часовник. Одберете метално, кожено или гумено ремче во зависност од стилот на жената.

tri-sovrseni-osmomartovski-podaroci-za-sekoja-zena-2.jpg

Разновидни модни додатоци за надополнување на стилот

Покрај класичните подароци во форма на накит, постојат и многу други модни додатоци што го надополнуваат стилот и изгледот на една жена. Доколку првите две опции не одговараат во ситуацијата, размислете за некој друг тип моден додаток, како чанта, марама, очила и слично.

Сите овие производи со сигурност ќе ја израдуваат жената, која, несомнено, ви е многу драга. Сепак, за да бидете сигурни дека одбирате идеален подарок, имајте го на ум целиот стил што го негува. На тој начин ќе знаете и што да одберете, каква боја и материјал на чантата, марамата, очилата или кој и да е подарок за кој размислувате.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg