Како да го намалите ризикот од здравствени компликации во случај на грип

kako-da-go-namalite-rizikot-od-zdravstveni-komplikacii-vo-slucaj-na-grip-03.jpg

Секој човек барем еднаш бил заразен со грип, и во повеќето случаи организмот успешно се справува сам со инфекцијата.

Некои групи на луѓе се лесно подложни и добиваат грип секоја сезона. Ако случајно имате коморбидитети, чуствувате слабост и имате намален имунитет, грипот може силно да ве собори. Во такви случаи, важно е да се преземат сите неопходни мерки против можни компликации.

Кои се ризичните групи за добивање на грип?

  • Лица над 65 години;
  • Бремени жени;
  • Деца до 5 години и особено деца под 2 години;
  • Луѓе со хронични заболувања, вклучувајќи срцеви заболувања, дијабетес, заболувања на црниот дроб, тешки форми на анемија и други. (1)

Кај овие високоризични групи, постои можност инфекцијата со грип да предизвика потешки симптоми. Вирусен напад врз телото, исто така, го прави телото поподложно на бактериски инфекции и често може да доведе до потешка форма на бактериска пневмонија. Срцевите проблеми и отитис медиа се други можни компликации до кои може да придонесе грипот.

kako-da-go-namalite-rizikot-od-zdravstveni-komplikacii-vo-slucaj-na-grip-01.jpg

Дали треба да бидеме загрижени за ваквите компликации?

Без разлика дали припаѓате на најподложните групи на пациенти или не, не го потценувајте грипот. Да, кај некои луѓе поминува релативно брзо и со полесна клиничка слика.

Кај другите, симптомите се појавуваат наеднаш и веднаш ви станува јасно дека се работи за грип, а не само за „настинка“. Чувствувате слабост, имате треска, болки во грлото и мускули, носот ви е затнат... Во случај на вакви симптоми мора да се одморите, да ги следите симптомите за да видите дали се влошуваат, а доколку се влошат консултирајте се со доктор во навремено.

Што треба да преземете?

Како прво, веќе споменавме дека е важно да се отвори боледување за да може да се одморите, а да се активира имунолошкиот систем и да се бори против грипот.

Задолжително е пиење топли течности. Заболените од грип имаат потреба од соодветна хидратација, со посебно внимание на најмалите пациенти - бебињата и малите деца. Особено кога имаат повисока температура, може да одбијат да пијат вода, сок или чај. Не заборавајте редовно да им давате течности во мали голтки - во спротивно може да дојде до дехидрација, што е сериозен проблем за детскиот организам.

За да ги контролирате симптомите како што се главоболка, болки во мускулите и зглобовите и висока температура, можете да се консултирате со вашиот личен лекар за да ви препише соодветни лекови кои ќе ја намалат болката и треската.

Доколку е затнат носот, најдобар начин да се помогне секретот да се исфрли и да не заврши во грлото се инхалации. Ако имате инхалатор дома, не треба ни да додавате специфичен лек, можете да го користите со вода или со солен раствор. Инхалаторот Zano Inspire е компактен и тивок, погоден и за возрасни и за деца. Со него успешно ќе го олесните дишењето, ќе ја намалите назалната конгестија и ќе го намалите ризикот од иритација на грлото.

kako-da-go-namalite-rizikot-od-zdravstveni-komplikacii-vo-slucaj-na-grip-02.jpg

Како аеросолната терапија може да помогне при грип:

Лесно користење: Со инхалатор, вдишувањето е лесно и практично, особено за деца и постари лица. Zano Inspire има различни големини на маска за инхалатор погодна за деца и возрасни.

Брзо дејство: Аеросолната терапија побрзо се апсорбира во организмот во споредба со таблетите или сирупите, со што се овозможува побрзо закрепнување.

Локално дејство: Со помош на инхалаторот, лекот се администрира директно во респираторниот тракт, каде што е најпотребен.

Намалување на несаканите ефекти: При аеросолна терапија, дозите на лекови обично се помали во споредба со оралните дози, што може да го намали ризикот од несакани ефекти и контраиндикации со други лекови.

Кога е задолжително да се побара помош од лекар? Немојте да се самолекувате ако сте во една од групите со висок ризик од компликации од грип. Во такви случаи, се препорачува да се јавите кај вашиот лекар веднаш штом ќе се појават првите симптоми - тој ќе ве води како да продолжите и може да ви препише антивирусни лекови.

Разговарајте со лекар ако вашата температура се искачи над 38 степени, како и ако имате толку силно симптоми што ви е тешко да ги извршувате основните активности.

Доколку почувствувате отежнато дишење или тежина во пределот на градниот кош, тоа е исто така сигнал дека треба веднаш да побарате лекарска помош.

Кај бебињата и малите деца, внимавајте на висока температура и симптоми на дехидрација. Ако бебето престане да оди во тоалет (или пелената на бебето остане сува невообичаено долго време), телото може да биде дехидрирано.

И кај малите и кај постарите пациенти, потребни се 3-4 дена за симптомите да почнат значително да се подобруваат. Ако тоа не се случи, побарајте лекарска помош. Сепак, обезбедете одмор, соодветен сон, течности и лесна храна. На овој начин можете да го намалите ризикот од компликации и да успеете да ја надминете инфекцијата за помалку време и со минимум непријатност!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg