Be your own boss- кампања посветена на жени претприемачи, жени со визија, кои имаат за цел да инспирираат и креираат подобри општествени околности!
- Детали
- понеделник, 04 март 2024
Be your own boss e општествено одговорна кампања на La Plaza Mall од Куманово, изработена од страна на маркетинг агенцијата Brands&Co.
Be your own boss – го привлече вниманието на јавноста по уникатниот визуелен пристап и пораката што ја пренесува.
Целта на кампањата е мотивирање и поттикнување на жените во Куманово да застанат и да бидат свои. Преку инспиративни приказни на успешни жени од Куманово публиката се запознава и едуцира за важноста на женското претприемништво и што тоа значи за малите средини и за младите кои што раснат и живеат во овој град.
Визуелниот пристап е црно бел се со цел да се покаже дека нема разлика меѓу никој, дека сите сме еднакви и дека боите во нашето општество ги носиме ние – донесувајќи ги одлуките да направиме подобро општество, да подадеме рака и да застанеме рамо до рамо еден со друг – жена до жена.
La Plaza Mall е препознатлива по креирање на општествено одговорни кампањи кои имаат за цел да изградат мост помеѓу граѓаните и да ги постават вистинските прашања.
Создавањето на една ваква мултиетничка кампања во која главна улога имаат жените претприемачи од Куманово и ставајќи акцент на приказните – се добива само едно слика за подобро утре и за иднината која сите ја посакуваме.
Жени претприемачи, жени со визија, кои имаат за цел да инспирираат и креираат подобри општествени околности.
La Plaza Mall се залага за мултиетничка еднаквост, рамноправност и искористување на целосниот потенцијал на жените. Кампањата вклучува 11 жени, жени кои оставаат белег во градот - но и градат мост со иднината.
Овој Март нека биде поттик сите жени да бидат поддршка едни на други. Овој Март е посветен на неа! Овој Март уживајте во инспиративните приказни на жените од Куманово.