СептаНазал - Брзо го одзатнува носот и ја штити носната слузница
- Детали
- понеделник, 26 февруари 2024
Спрејот за нос на КРКА - СептаНазал е наменет за деца и возрасни и со своето уникатно дејство помага при одзатнување на носот. Покрај оваа функција, овој спреј дополнително ја штити и лекува носната слузница и делува брзо, за време од 5 до 10 минути. СептаНазал се издава без рецепт и може да се купи во сите поголеми аптеки.
Во период на вируси и настинки, многу често се јавува иритација на носната слузница. Оваа појава не е исклучена и кога станува збор за сезонски алергии, кои дополнително го отежнуваат дишењето. Ваквите состојби освен што влијаат на дишењето, тие ја оштетуваат и слузницата. За превенција и дополнителна заштита, нашиот научен тим ја додаде, состојката декспантенол во спрејот за нос - СептаНазал.
Дексапантенолот има навлажнувачки и благотворни својства, кои што ги олеснуваат симптомите на надразнета слузница и дополнително помагаат и го забрзуваат процесот на лекување.
При состојба на затнат или растечен нос, СептаНазал делува за 5 до 10 минути, го намалува исцедокот и ја негува слузницата.
СептаНазал за деца е специјално создаден ефикасно да делува и за третирање на детската носна слузница. Детскиот нос е деликатен и нежен заради што му е потребен посебен третман и нега. СептаНазал за деца овозможува брза и лесна заштита на детскиот нос, непречено дишење и намалување на отокот во носната празнина во секое време од денот.
Употребата на СептаНазал, освен заштита и нега на носната слузница, овозможува поквалитетен сон и брзо дејство на лекување.
Долготрајното и двојно дејство на овој спреј се едни од неговите најважни карактеристики, кои го одвојуваат од другите слични препарати на пазарот. СептаНазал не содржи конзерванси.
Овој спреј се издава без рецепт.
Прочитајте повеќе: https://www.septanazal.com/mk/