„Вива“ заедно со најголемите светски брендови на Gulfood 2024
- Детали
- четврток, 22 февруари 2024
На глобалниот саем за храна и пијалаци Gulfood 2024, што се одржува во Дубаи од 19 до 23 февруари, најголемиот македонски производител на природни овошни сокови, нектари, пијалаци, smoothie и преработувач на овошје – ВИВА, ја потврдува својата тридецениска успешна приказна во оваа индустрија на светската сцена. Оваа година, ВИВА се издвојува како сребрен спонзор на настанот, што е огромен успех затоа што за првпат една македонска компанија се стекнува со вакво признание на Gulfood, кој се смета за најпрестижниот и највлијателен саем во секторот на храна и пијалаци на Блискиот Исток, но и глобално.
Како единствена македонска компанија која учествува на годинешниот Gulfood, ВИВА прикажува спој на квалитет и иновативност во прехранбената и преработувачката индустрија, рамо до рамо со светските брендови во оваа деловна сфера. Саемот претставува идеална можност за презентација на извонредниот вкус и беспрекорниот квалитет на производите, отворајќи врати кон нови деловни соработки и ширење на пазарното присуство на брендот на глобално ниво.
„Брендот ВИВА веќе е препознатлив по успешното претставување на саеми од овој калибар, меѓу кои и саемот Ануга во Келн, Германија, и е синоним за врвен квалитет, доверба и традиција. Нашата компанија постојано се фокусира на иновации, модернизација на производствените процеси и капацитети, како и развивање на нови категории на производи согласно трендовите од нашата индустрија за сокови и пијалоци, како и за здрава храна. Меѓу нив се и неодамна лансираните smoothie, доматни сосови и кечапи, создадени од македонско овошје и зеленчук, преработени во нашата фабрика. Веруваме дека учеството на Gulfood 2024 ќе ни овозможи отварање на нови деловни можности и партнерства пред сè на најбрзорастечките пазари на Блискиот Исток, но и на други светски дестинации.“, велат од менаџментот на ВИВА.
Како што потенцираат од компанијата, овошните каши добиени од преработка на свежи македонски овошја ќе се понудат на други производители на детската храна, додека, пак соковите ќе се пласираат во големите ланци на супермаркети на Блискиот Исток, но и на останатите пазари ширум светот. Со ова се отвараат и нови перспективи во работењето на комапнијата, зголемување на производствените капацитети, извозот и етаблирање на брендот ВИВА како најголем македонски производител на светските пазари.
Годинешниот Gulfood, се одржува под мотото “Вистинска храна, вистински бизнис” и го привлекува вниманието на врвни компании и професионалци од целиот свет, со учество на повеќе од 5.500 изложувачи од преку 120 држави.
Погледнете дел од атмосферата и како ВИВА се претставува на Gulfood во продолжение: