Производи за убавина што секоја модерна жена ги има во својот несесер

Во свет каде што рутината за убавина е исто толку важна како и облеката, секоја модерна жена во својот несесер треба да биде опремена со неколку основни производи. Минималистичкиот пристап секогаш се препорачува бидејќи тоа е сигурен пат до елеганција.

proizvodi-za-ubavina-shto-sekoja-moderna-zhena-gi-ima-vo-svojot-neseser-02.jpg

1. Кармин.

Да се користи карминот храбро е секогаш добра препорака. Нијансите на црвено, темна слива или живописна розева може да се комбинираат за многу прилики а со тоа да се подигне стилот на повисоко ниво, но и расположението.

2. Мицеларна вода Еуцерин 3 во 1 како мултифункционален производ што истовремено е средство за отстранување на шминка, ја чисти кожата и е тонер.

Идеален за стресни денови или доцни часови кога имаме потреба од брзо и ефективно решение.

proizvodi-za-ubavina-shto-sekoja-moderna-zhena-gi-ima-vo-svojot-neseser-03.jpg

3. Витамин Ц серум за лице.

На овој начин обезбедуваме длабока хидратација на кожата особено ако побарате производ со витамин Ц за дополнителен сјај.

proizvodi-za-ubavina-shto-sekoja-moderna-zhena-gi-ima-vo-svojot-neseser-01.jpg

4. Крем руменило.

Ваков производ не е само за образите туку може да се користи и за очните капаци за да се создаде совршен, здрав изглед на лицето.

5. Mattifying Sun Fluid SPF 50+.

Заштитата од сонце е клучна а овој производ прави кожата да има мат нијанса, не ги затнува порите и дава чувство на пријатна, кадифена конзистентност, лесно се нанесува, многу брзо се впива и не остава лепливо чувство на кожата.

6. Хранлива крема за раце.

Тоа е од витално значење, бидејќи рацете често се мијат и дезинфицираат, па неретко остануваат запоставени.

7. Маскара за волумен.

Добрата маскара е неопходна за да додадете малку гламур во секојдневниот изглед.

8. Уникатен парфем.

Тоа е невидлив додаток што остава еден вид потпис и го зголемува целокупното присуство.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg