Решение за нередот во спалната соба во само неколку чекори
- Детали
- среда, 14 февруари 2024
Спалната соба не е само просторија во која ќе ставите кревет, можеби ноќно столче и веројатно гардеробер. Таа треба да биде оаза на спокојот и удобноста која ќе ви го овозможи толку потребното бегство од стресното секојдневие.
Меѓутоа, доколку на крајот од работниот ден се вратите во просторија во која владее хаос, сонот нема така лесно да ви дојде на очи. Впрочем, спалната соба не е резервирана исклучиво за спиење, па затоа со неколку совети и трикови научете како да ја претворите во софистицирано место за одмор и обновување на енергијата.
Имено, научна студија спроведена од Универзитетот Св. Лоренс, во Њујорк, откри дека неуредна спална соба може да доведе до лош сон, а со тоа да влијае на вашето расположение, перформанси и ментално здравје и да придонесе за зголемена анксиозност.
- Кај луѓето кои имаат преполни спални соби и неудобни и нефункционални кревети, ризикот од когнитивна дисфункција, депресија и стрес се зголемува паралелно со влошувањето на квалитетот на сонот. Поради ова, овие луѓе обично имаат проблеми со одлучувањето и функционирањето, бидејќи е познато дека лошиот сон го компромитира јасното расудување - објаснува д-р Памела Тачер, психолог од универзитетот што го спроведе истражувањето.
Значи, ако вашата спална соба моментално е преполна со расфрлани алишта, а на масичката покрај креветот нема место ни за чаша вода – потребна ви е стратегија за да го намалите нередот и да го организирате просторот за спалната соба да може повторно да блесне. Благодарение на спокојната атмосфера, корист ќе има и вашата култура за спиење која придонесува за одржување на здравјето на високо ниво.
Инспирација за уредување на спалните соби побарајте во салоните на Прима бидејќи без разлика дали сакате класичен, скандинавски, минималистички, индустриски, медитерански или бохо стил, во нашите салони можете да најдете нешто по ваш вкус и да го претворите вашиот животен простор во дом збогатен со топлина и чувство на удобност.
Прима, како најголем хрватски производител на мебел, нуди единствена можност за опремување на целиот дом во ист стил и бои. Програмите за опремување на сите простории го олеснуваат процесот на декорација со што лесно се постигнува стилска хармонија.
Заедно со мебелот што одговара на вашиот ентериер, стил и потреби, ви носиме и шест совети кои ќе ви помогнат да ја претворите вашата спална соба повторно во оаза на мирот:
1. Редовно чистете ја собата
Доволно е секоја недела да одвоите помалку од 30 минути за метење, бришење прашина, менување чаршафи... Започнете со ноќните столчиња отстранувајќи ги предметите што треба да се фрлат в ѓубре, направете го истото тоа и на сите други површини, па продолжете понатаму.
2. Организирајте ја просторијата во делови врз основа на функцијата на просторот
Гледајте на орманот како на единствен проект, а потоа преминете на ноќните столчиња, фиоките, комодите, креветот... На тој начин полесно и поефикасно ќе го организирате просторот, а чистењето нема да ви изгледа како напорна работа.
3. Сите украсни предмети и фотографии закачете ги на ѕидот
Секој сака да има неколку украсни и сентиментални предмети во спалната соба, но подобро е да ги врамите и да ги закачите на ѕид, наместо да ги трупате на ноќните столчиња или на комодата. На овој начин полесно ќе ги одржувате површините чисти, а просторот ќе биде помалку наметлив.
4. Ослободете се од нередот зад затворените врати од плакарот
Модерните гардероби за спалната соба се вистински ремек-дела на дизајнот и феноменално ја надополнуваат просторијата. Добар пример за тоа е популарниот орман Јулија во класичен стил со префинети линии и луксузен дизајн со четири врати, огледало и фиоки, како и ефективни профилирани предни страни кои можат да бидат бели или сиви со детали во боја на дрво за дополнителна топлина. Или, пак, орманот Лора, со едноставен дизајн и чисти линии во препознатлив скандинавски стил.
Но тоа што не можете да видите ништо зад прекрасните предни страни на орманот, не значи дека нередот не постои. Затоа исчистете го плакарот со тоа што ќе се ослободите од алиштата што не ги носите и организирајте ја облеката што ја сакате.
Одлична помош при организирањето се плакарите Цвита или Адео, кои имаат можност за вградување дополнителна опрема како што се: закачалка на извлекување, лифт на гардероба, комплет закачалки за панталони и вратоврска, полица за чевли што се извлекува, куки и закачалки за вратоврски и друго.
Ако ви е особено тешко да одржувате ред во вашиот орман, тогаш за да постигнете самодисциплина, би било полезно да набавите орман со стаклени предни страни, како што е премиум модуларната програма за гардероба Адео која можете да ја најдете во салоните на Прима низ Македонија, па од широката палета избори на корпуси, врати, декори и додатна опрема да ја изберете најдобрата опција за себе.
Затоа ви препорачуваме да побрзате до најблискиот салон на Прима.
5. Смислено контролирајте го нередот со внимателно одбрани декори
Во спалните соби најчесто ненамерно се собираат многу мали и често скапоцени предмети како часовници, обетки, книги и лекови.
Сортирајте, организирајте и складирајте ги овие предмети надвор од видното поле со помош на украсните чинии, послужавници, садови и корпи кои можете да ги најдете во палетата на декорации за дом на COCO maison која е ексклузивно достапна во салоните на Прима.
6. Инвестирајте во мебел со дополнителен простор за складирање
Во салоните на Прима можете да најдете низа модерни и мултифункционални кревети кои ќе ви овозможат секогаш корисен „таен плакар“. Проверете ги нашите бокс кревети Вито, Отон или Рони кои се опремени со простор за складирање, а доаѓаат и со опција за душек.
Овие кревети не само што се висококвалитетни, удобни и практични бидејќи нудат дополнителен простор за складирање, туку се и естетски моќни благодарение на нивните впечатливи тапацирани зглавја.