„Засекогаш во срцата“: Традиционален концерт во чест на Тоше Проески со НУ Камерен Оркестар на Битола

По барање на публиката два концерти во чест на Тоше Проески, Кире Костов и Драган Каранфиловски Бојсловски Бојс.

zasekogash-vo-srcata-tradicionalen-koncert-vo-chest-na-toshe-proeski-so-nu-kameren-orkestar-na-bitola-01.jpg

Центар за култура Битола во соработка со НУ Камерен Оркестар на Битола со гордост го најавуваат својот традиционален концерт „Засекогаш во срцата“ посветен на Тоше Проески. Ова е шести пат по ред, Центар за култура Битола и НУ Камерен оркестар на Битола да организираат концерт кој е посветен на Тоше и неговите безвременски песни. Како и секоја година, покрај македонски изведувачи, на сцената ќе се појават и гости од соседните држави, соработници на Тоше кои ќе ги изведат најдобрите песни на Тоше во оркестарски аранжман.

Тоше Проески, чие име е синоним за исклучителен талент и дарежливост, остави неизбришлив белег кај сите нас, а неговата музика и добрина продолжуваат да инспирираат голем број на луѓе. И по 17 години од смртта на Тоше, ликот и неговото дело се вечни. Сите нови генерации знаат за Тоше, ги знаат неговите песни, а за сето тоа се заслужни оние кои го почитуваат неговото дело и се трудат неговите песни да ги слушнат што повеќе луѓе, како што е и овој проект на Центар за култура Битола и НУ Камерен Оркестар на Битола. Влезниците за овој концерт се продаваат неверојатно брзо, што не е изненадување затоа што не постои човек кој не ги слуша песните на Тоше Проески.

zasekogash-vo-srcata-tradicionalen-koncert-vo-chest-na-toshe-proeski-so-nu-kameren-orkestar-na-bitola-02.jpg

На 16.02.2024 година, Центар за култура Битола и НУ Камерен оркестар на Битола ве покануваат на концертот „Засекогаш во срцата“ за сите заедно да го продолжиме делото на Тоше Проески и да уживаме во неговата музика која засекогаш ќе живее. Покрај Тоше Проески, на концертот ќе се потсетиме и на делата на Кире Костов кој ја напиша најубавата песна на Тоше Проески – Тајно Моја, и Драган Каранфиловски Бојс.

Најдобрите хитови на Тоше Проески, Кире Костов, и Драган Каранфиловски Бојс ќе бидат изведени од Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Наде Талевска, Димитар Андоновски, Ана Петановска, Бојан Стојков, Александра Трајческа и Катерина Јовановиќ во придружба на Камерен Оркестар на Битола.

zasekogash-vo-srcata-tradicionalen-koncert-vo-chest-na-toshe-proeski-so-nu-kameren-orkestar-na-bitola-03.jpg

Засекогаш во срцата не е само концерт, туку патување низ спомените и музиката на најголемите музички таленти кои ги имаше нашето време.

За повеќе информации за концертот, следете ги профилите на Центар за култура Битола (Facebook и Instagram)  и НУ Камерен Оркестар на Битола на социјалните мрежи Facebook и Instagram, или посетете ги нивните веб страни https://www.3dkinobitola.com/ и www.chamberorchestrabitola.com

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg