„ХАЈНЕКЕН“ НАЗДРАВУВА ЗА ВИСТИНСКИ ПОСВЕТЕНИТЕ НАВИВАЧИ: А кои се тие?!
- Детали
- вторник, 13 февруари 2024
Елиминациската фаза од Лигата на шампионите почна паралелно со новата кампања на „Хајнекен“, во чијшто фокус е освежување на дефиницијата за поимот „закоравен навивач“, кој во минатото често имаше негативно значење, но со постојната фудбалска платформа на „Хајнекен“ – „Посвеж фудбал“ (Fresher Football), станува поширок и попозитивен.
Освежувањето на дефиницијата е прикажано и во носечкото видео за кампањата, снимено од австралискиот режисер Марк Молој, кое е инспирирано од вистински навивачи и, освен што ја претставува модерната навивачка култура, ја прикажува и ја слави приврзаноста на навивачите што живеат за фудбалот и за својот клуб.
За ова зборуваат и амбасадорите на марката во кампањата, капитенот на холандската репрезентација, Вирџил ван Дајк, и поранешната англиска репрезентативка, Џил Скот, кои застанаа едендодруг за заедно да го почнат поглавјето на отвореност во фудбалот.
Според Вирџил ван Дајк, фудбалерите треба да бидат горди на оваа кампања затоа што таа покажува колку навивачите ги ценат, но и влијае да се оттргне историското негативно значење на фразата „закоравени навивачи“ преку едукација и комуникација на навивачите.
Од друга страна, амбасадорката Џил Скот се присети на викендите од детството, кога заедно со дедо ѝ не пропуштала натпревар на „Стадионот на светлината“ и уште тогаш научила дека вистинските „закоравени навивачи“ изгледаат многу поинаку од сликата што се создава и дека таа, уште како тинејџерка, станала една од нив.
„Хајнекен“ и понатаму продолжува да влијае позитивно на широчината во фудбалот и да им овозможи неверојатно фудбалско доживување на сите вистински навивачи. Провери тука како го прави тоа: www.heineken.com/realhardcorefans