Новата Toyota C-HR: Од концепт до реалност!
- Детали
- четврток, 08 февруари 2024
- Создаден за Европа, наменет за европските купувачи
- Модерната внатрешеност комбинира интуитивна функционалност со врвен комфор
- Еколошки лидер за Toyota благодарение на употребата на рециклирани материјали и намалена емисија на штетни гасови
- Целосно електрифицирана палета која вклучува хибридни електрифицирани погонски единици со 1,8 и 2,0-литарски мотори, AWD-i погон во комбинација со 2,0-литарски мотор како и Plug-in хибриден електрифициран погон.
Новата Toyota C-HR комбинира впечатлив стил, неповторливо возачко искуство и водечка ефикасност во класата со фокус на очекувањата на европските купувачи за врвен квалитет и одржливост. Инспириран од визијата за „a concept car on the road“, таа останува верна на своето наследство со правење уште еден храбар чекор напред.
Култната купе силуета воведена уште од нејзиниот претходник сега дополнително е нагласена со поширок, посигурен став, зајакнат со остри карактеристични линии и ново ниво на дизајнерска софистицираност.
Со продажба од над 840.000 единици во Европа од нејзиното претставување во 2017 година, оригиналната Toyota C-HR беше револуционерен Toyota модел кој ја насочи марката кон стилски освестената публика. Ова беше постигнато со неконвенционален дизајн и ентериер кој нуди софистицирано чувство со висок квалитет на изработка.
Новата Toyota C-HR е создадена специјално според очекувањата на европските купувачи, со стил создаден во Европа, како и развоен процес и производство на самото место.
Премиум дизајн и премиум функции, како што се интегрираните рачки во вратите, кои за прв пат се нудат во модел на Toyota, динамичното внатрешно амбиентално осветлување со 64 бои и специјално дизајнираниот панорамски покрив- дел од холистичкото и персонализирано корисничко искуство кое го става клиентот во срцето на автомобилот.
Новата Toyota C-HR носи уживање во возењето и самоуверено и тивко движење на патот со помош на иновативни технологии. Нејзината палета на хибридни електрифицирани и plug-in хибридни електрифицирани погонски агрегати ја користи најновата хибридна технологија на Toyota од 5-тата генерација.
Освен со своите водечки перформанси на патот, новата Toyota C-HR го намалува своето негативно влијание врз животната средина преку воведување на рециклирани материјали и материјали кои не се од животинско потекло, како и врвни технологии за намалување на тежината на автомобилот и намалување на емисијата на СО2 во рамките на производниот процес.
ЕМОТИВЕН СТИЛ
Новата Toyota C-HR е дизајнирана да се истакне со својот препознатлив стил кој го зајакнува карактерот на култното купе со динамични линии и засечени површини кои потсетуваат на софистициран дијамантски дизајн, се со цел да се постигне волшебно храбар изглед.
Верна на визијата за „a concept car on the road“, новата Toyota C-HR нуди премиум стилски и технички решенија како што се интегрираните рачки во вратите, стилски елемент понуден за прв пат од Toyota.
Како иновација уште од првото појавување на пазарот, моделот ја има својата уникактна задна LED светлосна линија која го испишува името на моделот, која нуди динамична низа на светлосни ефекти за добредојде на возачот и патниците, но и за создавање возбудливо светлосно искуство при поаѓање. Сето ова е дел од елегантниот и импресивен дизајн на задниот дел на автомобилот. Овој храбар изглед е дополнително нагласен со новата двобојна каросерија, која е стандардна за повисоките нивоа на опременост. Вклучува црн покрив за да создаде елегантен и модерен изглед, додека опционалниот „bitone+“ оди понатаму со проширување на контрастната црна боја на задниот дел од автомобилот, обезбедувајќи впечатлив визуелен ефект.
Во внатрешноста, познатиот квалитет на Toyota C-HR е издигнат до нови височини благодарение на новите материјали во комбинација со модерни детали за да се создаде исклучително хармонично искуство во внатрешноста.
Тенката хоризонтална инструмент табла е совршено интегрирана со панелите на вратите и централната конзола за да ги прегрне патниците и да создаде топол и пријатен простор. Мултимедијалниот дисплеј е хармонично интегриран, а одредени нивоа на опременост вклучуваат и JBL звучници направени по нарачка со блескави решетки и врвен квалитет на звукот.
Зоната фокусирана на возачот обезбедува сите контролни елементи и информации за автомобилот да бидат интелигентно поставени така што возачот може да ги држи рацете на воланот и да не го одвојува погледот од патот. Во зависност од нивото на опремата, достапен е и head-up дисплеј.
Во новата генерација на Toyota C-HR, капацитетот на багажникот исто така е зголемен во споредба со оној на неговиот претходник.
Уникатниот панорамски стаклен покрив, достапен на нивоата на опременост PREMIER EDITION и GR SPORT, обезбедува чувство на леснотија и просторност. Користејќи иновативни премази кои пропуштаат помалку инфрацрвени зраци, ја одржува кабината топла во поладните денови и спречува прегревање при сончево време. Патниците сега можат да уживаат во повеќе простор благодарение на зголемувањето на просторот за глава за 3 cm.
ПРИЛАГОДЛИВО корисничко искуство
- Со светлата за добредојде на возачот и патниците започнува едно стилско искуство што дополнително може да се индивидуализира
- Новото амбиентално осветлување со 64 бои го подобрува расположението и ја зголемува безбедноста
- Целосно нов 12,3-инчен дигитален дисплеј за возачот со јасни информации прилагодени на преференциите на возачот
- Подобреното мултимедијално искуство вклучува гласовен асистент и безжично поврзување со смартфон
Новата Toyota C-HR е дизајнирана да обезбеди јасно, интуитивно искуство за купувачите кои очекуваат нивниот автомобил да биде продолжение на нивната дигитална авантура. Развојниот процес фокусиран кон купувачите ги постави темелите за имплементација на практични функции за прилагодување и додавање на дополнителна вредност за корисникот.
Искуството започнува уште пред да се влезе во автомобилот. Сценариото за „добредојде“ импресионира со стилското осветлување додека возачот се приближува, вклучително и неверојатна проекција на светлосниот потпис користен во претходната генерација.
Во внатрешноста, првиот систем за амбиентално осветлување на Toyota со 64 бои има задача да создаде расположение кај патниците и да помогне во нивната безбедност. Во текот на денот, директното и индиректното осветлување, вклучително и на инструменталната табла, се менува секој час од светли утрински нијанси до смирувачки вечерни тонови. Може да се избере една од 14 програмирани теми за да го одрази расположението при секое патување. Осветлувањето е исто така синхронизирано со системот за климатизација, користејќи потопли бои кога се загрева кабината или поладни кога температурата се намалува. Безбедноста се подобрува и преку осветлувањето што се користи за визуелно истакнување на предупредувањата како што се асистентот за безбедно излегување од автомобилот и системите за проактивната помош при возење.
Покрај подобрената атмосфера, кабината има придобивки и од подобрениот квалитет на воздухот благодарение на nanoeX™ технологијата, која ги распрснува микроскопските капки вода за да го прочисти воздухот, да ги отстрани алергените, да ги намали мирисите и да обезбеди подобра хидратација на кожата.
Новата Toyota C-HR сега е стандардно опремена со 12,3" дигитален дисплеј во инструмент таблата. Распоредот на информациите на дисплејот дава приоритет на оние најкритичните, како што се поставките за брзина и асистенција за возачот, но исто така и може да се приспособат и според желбите на возачот. Дисплејот може да се менува врз основа на четири теми - Casual, Smart, Tough или Sporty – и три прилагодливи распореди на инструментите, со помош на контрола на управувачот со еден допир.
Toyota Smart Connect го збогатува мултимедијалното искуство преку вграден гласовен асистент и безжична врска со смартфон преку Apple CarPlay или Android Auto, како и 8” или 12,3" екран на допир, во зависност од нивото на опременост.
Лидерство во заштитата на животната средина
- Широка употреба на рециклирани материјали
- CO2 емисиите дополнително се намалени со иновациите во процесот на бојадисување на возилото
- Toyota за прв пат користи челик со висока цврстина од 2.000 MPa што ја подобрува цврстината на возилото и ги намалува емисиите
- Новата Toyota C-HR е еколошки лидер во палетата на модели на Toyota, поставувајќи нови стандарди за одржливост, намалување на емисиите и користење на рециклирани материјали.
Во споредба со својот претходник, новата генерација користи двојно повеќе рециклирана пластика, која сега може да се најде во повеќе од 100 различни делови. Ова вклучува 19 делови кои се состојат од најмалку 80% рециклиран материјал.
Освен внатрешните пластични делови направени од рециклирани материјали, исто така и тапацирот за седиштата е изработен од рециклирани пластични шишиња, врз основа на процес кој првпат го користеше Toyota. Опсежната анализа и тестирање гарантира дека изгледот, чувството и издржливоста на рециклираните материјали на новата Toyota C-HR се исти или подобри од порано.
Емисиите на CO2 за време на производството дополнително се намалуваат преку нов процес на бојадисување на деловите од браниците, каде се користи боја на база на вода за помало влијание врз животната средина во рамките на автоматизиран процес кој исто така користи помалку материјал во целина.
Со премин од природна кожа кон синтетичка обвивка на воланот од материјали од неживотинско потекло, новиот материјал го нуди истото и дури и подобро чувство од природната кожа и е вклучен како стандардна опрема на сите нивоа на опременост.
Преку иновативниот дизајн и технологија, превземени се дополнителни мерки за намалување на тежината на одредени делови, а со тоа се намалува потрошувачката на гориво и влијанието врз животната средина.
За прв пат во Европа, новата Toyota C-HR користи челик со висока цврстина од 2000 MPa, од кој се направени Б столбовите. Ова помага да се постигне многу висока отпорност на каросеријата, притоа намалувајќи ја тежината на компонентите за 3,5 kg. На овој начин CO2 емисиите во текот на производниот процес се намалуваат за 10%.
ОДГОВОРНА И ЕФИКАСНА ДИНАМИКА
- Четири електрифицирани погонски единици – Hybrid 140, Hybrid 200, Hybrid 200 AWD-i и Plug-in Hybrid 220 – оптимизирани на желбите на европските возачи
- Хибридна технологија на Toyota од петтата генерација за зголемена моќност и ниски емисии
- Подобро забрзување, попрецизно управување и подобрена ефикасност на сопирачките
- Врвно ниво на акустична удобност благодарение на оптимизираната аеродинамика, пониските вртежи на моторот на автопат и решенијата за сузбивање вибрации
Во срцето на новата Toyota C-HR е најновата петта генерација на хибридна технологија на Toyota за постигнување на водечка рамнотежа помеѓу моќта и ниските емисии.
Новата палета нуди избор од четири електрифицирани погонски единици, нагласувајќи го инклузивниот мулти-технолошки пат на Toyota кон јаглеродна неутралност. Toyota верува дека на купувачите им се потребни различни достапни и практични опции на возила за да се забрза темпото на намалување на CO2 денес и да се обезбеди успешна транзиција кон мобилност со нулта емисија во иднина.
Новата палета мотори на Toyota C-HR ги вклучува верзиите Hybrid 140кс, Hybrid 197кс и Hybrid 197кс AWD-i како и Plug-in Hybrid 223кс.
Hybrid 140 има исклучително ефикасен мотор од 1,8 литри и нуди моќност од 140 К.С. За уште повозбудливо возачко искуство, Hybrid 200 се потпира на моќта и ефикасноста на 2.0-литарскиот мотор и има 197 К.С. , и вртежен момент од 190 Nm.
Варијантата Hybrid 200 AWD-i внесува доверба во движењето на автомобилот со својот систем за погон на четири тркала. Компактниот електричен мотор-генератор со висок вртежен момент на задната оска е усовршен за да понуди поголема моќност и вртежен момент. При различни брзини и услови на патот, овој погон обезбедува подобра влечна сила и стабилност при стартување, попрецизно управување во свиоци како и поголема самодоверба при возење на лизгави површини.
Сите погонски единици се подобрени за да ги исполнат очекувањата на европските возачи. Оптимизирана е реакцијата на педалата за гас, со цел подиректно и постојано чувство на забрзување. На нерамни патишта, новиот систем за движење на нагорнина го менува забрзувањето во зависност од наклонот на теренот за поприродно и полесно управување. За да се постигне поголема удобност, вртежите на моторот за време на возењето на автопат се намалува до 500 вртежи во минута. На овој начин, новата Toyota C-HR е водечка во својата класа во однос на акустичната удобност, потпомогната од оптимизирана аеродинамика, придушувањето на вибрациите и звучната изолација.
Новата литиум-јонска батерија со голема моќност, поставена под задното седиште, е покомпактна и тежи 1,5 kg помалку од претходната, и обезбедува 14% повеќе моќност.
Plug-in Hybrid 223кс има 2.0-литарски мотор и нуди најдобро возачко искуство во својата класа благодарение на својата двојна ДНК. Обезбедува жива динамика и удобно возење на вистински електричен автомобил за секојдневни патувања, со целосно електричен досег до 66 km (WLTP,комбинирано), како и водечка во класата ефикасност и флексибилност на хибридниот електрифициран погон за подолги патувања.
Усовршената платформа Toyota New Generation Architecture (TNGA) обезбедува поголема отпорност на целата каросерија, а истовремено е полесна благодарение на интелигентната употреба на материјалите. Новата Toyota C-HR се надградува на возбудливата управливост на оригиналниот модел со нов систем за потпирање кој има поцврсти и полесни компоненти.
За прв пат во автомобил на Toyota во светски размери се применува технологијата “Frequency sensitive control”-FSC за да се подобри управувањето и удобноста. Интегрирана во моделите Toyota C-HR Plug-in хибрид, GR SPORT и Premiere Edition, хидромеханичкиот систем ја зголемува силата во амортизерите со цел да обезбеди супериорна контрола на каросеријата при навалување, како и одржување подобра контрола при влегување во свиоци. Сето ова влијае на подобрување на удобноста при возењето.
Развојот во областа на аеродинамиката овозможи да се постигне коефициент на отпор од 0,318. Тоа е резултат на значителното усовршување на формата и компонентите на каросеријата, вклучувајќи го и долниот дел, со цел да се оптимизира протокот на воздух. Дополнително, фронталната површина е намалена за да се намали целокупниот отпор. Посветено е внимание на секој детал, како што е отстранувањето на задниот бришач, за да се подобрат аеродинамичните перформанси и да се намали бучавата од ветерот без да се загрози видливоста. Благодарение на закосеното стакло, капките вода полесно се лизгаат и одлеваат.
TOYOTA T-MATE БЕЗБЕДНОСНИ СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ
- Toyota T-Mate нуди сеопфатни технологии за безбедност и помош на возачот
- Најновата генерација на Toyota Safety Sense, со превентивни безбедносни системи за уште поголема заштита
Сите верзии на новата Toyota C-HR се опремени со системот Toyota T-Mate, кој ја вклучува најновата генерација на Toyota Safety Sense, низа технологии за активна безбедност и функции за помош на возачот. Системот е стандард за сеопфатност на системите за безбедност и помош на возачот. Toyota T-Mate е општо име за голема група системи кои помагаат во спречување на несреќи, обезбедуваат заштита во случај на удар и му помагаат на возачот да маневрира, без разлика дали се паркира или вози во сообраќајот. Во новата Toyota C-HR, најновата генерација на Toyota Safety Sense вклучува превентивни безбедносни системи со поголема функционалност и посеопфатно следење на околината на автомобилот.
Најновиот систем за избегнување судир и проактивната асистенција при возење постојано го следат патот за евентуални опасности и можат да го предупредат возачот или автоматски да го намалат забрзувањето и да обезбедат контрола на сопирањето доколку се открие непосреден ризик. Ова заштитува од низа фактори на ризик, како што е присуството на неподвижно возило или возило кое побавно се движи на лентата напред како и пешаци или велосипедисти кои го поминуваат патот.
Системот за одржување на лентата Lane Trace Assist ја одржува новата Toyota C-HR безбедно на предвидената патека, водена од ознаките на патот, работ на површината на патот или автомобилот напред. Системот работи со прилагодлив темпомат за да ја регулира брзината при свиоци на автопат, а и исто така ја следи употребата на воланот и педалата за гас. Доколку не се користат одредено време, системот може да иницира запирање на автомобилот како во итни случаи.
На главните меѓуградски патишта и автопати, асистентот за препознавање на сообраќајни знаци- “Road Sign Assist“ обезбедува визуелен потсетник за важни информации како што се предупредувачки сообраќајни знаци и ограничувања на брзината.
Новата Toyota C-HR стандардно користи и дополнителни безбедносни системи, како што е системот за предупредување на задните седишта, кој го предупредува возачот доколку дете или домашно милениче остане на задното седиште, како и асистентот за безбедно излегување од автомобилот, кој предупредува доколку има возила или велосипедисти кои се приближуваат одзади кога се отвора вратата.
Напреден безбедносен пакет е достапен како опција за новата Toyota C-HR. Ова вклучува асистент за промена на лента со напредни функции и предупредување за сообраќај на раскрсница напред, која го предупредува возачот за возилата што се приближуваат од лево или десно на раскрсниците.
За целосна удобност на купувачите, ажурирањата и прилагодувањата на софтверот се обезбедуваат безжично преку модулот за комуникација со податоците на возилото.
PREMIERE EDITION и GR SPORT
Новата палета на Toyota C-HR вклучува две премиум нивоа кои нудат највисока опременост и стил. И двете доаѓаат станадардно со впечатлива нова двобојна каросерија.
Специјалните серии кои вклучуваат премиум опрема и неверојатна нова „bi-tone+“ шема на бои.
GR SPORT доаѓа со 19" тркала, head-up дисплеј и GR Спорт детали во дизајнот.
Premiere Edition вклучува панорамски стаклен покрив, впечатлива нова препознатлива боја и head-up дисплеј.
Без оглед на нивото на опременост, новата Toyota C-HR им ветува на европските купувачи повеќе стил, динамика и ефикасност. Ја отвора следната страница во историјата на моделите на Toyota и зазема важно место во портфолиото на Toyota ширум светот.
Новата Toyota C- HR е веќе достапна во продажниот салон на Toyota Авто Центар. За повеќе информации посетете ја веб страната.