Ѓоко Танески: „Пострашно нешто од жена што сама пие во кафана нема“

Во новата емисија на „Нешто конкретно“ ни гостуваа девојките од групата „Фрајле“, а друштво им правеше нашиот Ѓоко Танески. Темата на разговор беше за успесите во животот, односно што треба да се сторите за да ви тргне во животот? Нашите гости очигледно добро ја знаат вистинската формула судејќи според нивните кариери.

gjoko-taneski-postrashno-neshto-od-zhena-shto-sama-pie-vo-kafana-nema-01.jpg

Ѓоко Танески не би направил компромис за кариерата кога би ја ставил на вага со бракот, децата, или пак пријателите, а не би се одрекол ни од родителите кога тоа би било потребно за успешен брак.

Човекот што го изгубил својот татко на 21 година и кој уште од таа возраст е заедно со својата сопруга, за неа ќе каже дека никогаш не му  направила проблем во однос на неговата кариера, за одлучи не прашувал никого и терал по свое па задоволен е од тоа што го постигнал.

Ѓоко Танески не се плаши сам да ги носи своите одлуки, но затоа од пијани жени во кафана и те како му е страв - „Нема ништо пострашно од жена што сама пие во кафана“, рече тој.

gjoko-taneski-postrashno-neshto-od-zhena-shto-sama-pie-vo-kafana-nema-0.jpg.jpg

Невена од „Фрајле“ смета дека сите фактори се важни кога се работи за создавање на кариера, важни се мислењата на домашните, пријателите и соработниците, но секако вистинската одлука човек треба да ја донесе сам.

„Не е дека не слушаме баш никого, но треба да се биде свој и да се знае сопствениот пат, не мора да значи дека сите треба да чекориме по иста патека“ заклучи таа.

Емисијата ја започнавме со музика, но патот до успехот не е секогаш лесен како песна, како што гостите истакнаа, некогаш тој знае да биде и трнлив. Гледајте ја целата емисија на нашиот Јутјуб канал, а веќе следната ве очекува премиерно на Телма оваа недела во 17.00 часот Гледајте „Нешто конкретно“.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg