Викендот е резервиран за Маврово: Добра забава, снежно уживање и моменти за паметење со пријателите

Зимата нема да биде комплетнa без барем еден викенд поминат на падините на убавицата Бистра и нашето секогаш омилено Маврово.

Бегството од гужвите и уживање на снег со најблиските е идеален начин за полнење на батериите.

Кои се 4-те работи кои ќе го направат вашето време поминато во Маврово незаборавно или претставуваат нешто што не треба да го пропуштите:

1. Одберете сместување во приватна вила или хотел со спа каде ќе може да уживате, да се релаксирате и кога не сте на падините.

vikendot-e-rezerviran-za-mavrovo-dobra-zabava-snezno-uzivanje-i-momenti-za-pametenje-so-prijatelite-02.jpg

Чаша греено вино, камин, убава музика, снежен поглед и топла атмосфера – речиси сите сместувачки капацитети нудат одлична можност за релаксација и топол одмор.

2. Уживањето во снежната убавина, опуштено дружење со пријателите е достапно за сите посетители и тоа на повеќе локации::

- Атмосферата покрај диџеј пултот во „Ски Школа“ е секогаш идеална за забава. Сонце, твојот омилен пијалак, добра музика и друштво.

vikendot-e-rezerviran-za-mavrovo-dobra-zabava-snezno-uzivanje-i-momenti-za-pametenje-so-prijatelite-01.jpg

Трифкова колиба е идеално место доколку сакате да се стоплите, да одморите и да се напиете топол чај со рум. Опуштено уживајте во удобните lazy bags и погледот на падините на Бистра.

vikendot-e-rezerviran-za-mavrovo-dobra-zabava-snezno-uzivanje-i-momenti-za-pametenje-so-prijatelite-02.jpg

- Ако пак сакате максимално да го искористите снегот, терените се секогаш подготвени за акција и адреналинско доживување.

3. Не пропуштајте да пробате домашна пита и кисело млеко во некој од локалите во Маврово со поглед на езерото.

4. Ако останувате повеќе денови, одвојте време за прошетка до Галичник, посета на манастирот Св. Јован Бигорски, напијте се најслатко турско кафе со локум во Куќа на Мијаците, прошетајте до Трница. Маврово нуди безброј можности за постојан активен одмор.

Токму во прекрасното Маврово, и оваа зимска сезона, можете да го најдете и пријателскиот тим на IQOS. Во Ски школа, IQOS експертите се секогаш подготвени да помогнат со сè што ти треба - уреди, додатоци за најновите уреди, па дури и опција за замена на твојот стар уред со нов.

На Трифкова колиба е сместена и IQOS chill зоната каде може да уживате во сонцето, да го наполните својот IQOS уред, да направите надградба на софтверот и да добиете корисничка поддршка за сè што ве интересира.

vikendot-e-rezerviran-za-mavrovo-dobra-zabava-snezno-uzivanje-i-momenti-za-pametenje-so-prijatelite-22.jpg

vikendot-e-rezerviran-za-mavrovo-dobra-zabava-snezno-uzivanje-i-momenti-za-pametenje-so-prijatelite-03.jpg

Едно е сигурно, забавата е гарантирана во Маврово, а за изненадувањата и моментите за паметење од вашиот незаборавен викенд, секогаш е тука IQOS тимот, преку директен спуст да те однесе до следното ниво.

Доживеј го неочекуваното, секој викенд во Маврово!

Промо. Извор: mk.iqos.com

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg