Филијалата на ПроКредит Банка во Тетово со нов изглед

ПроКредит Банка со особено задоволство ги известува своите клиенти и соработници дека по реновирање на филијалата во Тетово истата е повторно отворена со нов изглед и модерен дизајн, кој воедно ги изразува вредностите и визијата на банката за создавање на позитивна работна култура.

Филијалата се наоѓа на истата локација на ул. Борич Кидрич 1, на кружниот тек во строгиот центар на Тетово.

filijalata-na-prokredit-banka-vo-tetovo-so-nov-izgled-02.png

Со цел подобрување на услугите и персонализираниот пристап кон клиентите, ПроКредит ја модернизираше филијалата во Тетово, со што обезбеди уште подобро искуство за своите клиенти и придонесува попродуктивна и поудобна работна средина за вработените.

 filijalata-na-prokredit-banka-vo-tetovo-so-nov-izgled-01.png

Клиентите во реновираната филијала ќе имаат пристап и до сите дигитални услуги во новата модерна 24/7 Зона која е опремена со современи банкомати, можноста за внесување на дневен промет, drop box, уплата и исплата на денари и евра. Модернизираната 24/7 Зона им овозможува на клиентите во било кое време да си ги завршат своите банкарски обврски без чекање ред за шалтер.

filijalata-na-prokredit-banka-vo-tetovo-so-nov-izgled-03.jpg

Ве очекуваме на истата локација во нова филијала!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg